Голем интерес на охриѓани за проектот „Купи куќа за млади“
Голем интерес кај охриѓани за проектот Купи куќа за млади. Од страна на претставниците на министерството за финансии беа презентирани погодностите на проектот и условите за аплицирање преку една од двете можности односно субвенционирање на месечна рата и субвенционирање на учеството. Општина Охрид со цел подобра имплементација на проектот на заинтересираните охриѓани им нуди три опфати на земјиште за градба на домот од соништата.
Закон за пакување на цигари во неозначени кутии
Ирскиот парламент донесе закон за пакување на цигари и покрај заканите од производителите
Злоупотребени слики од фејсбук на охриѓани
Недолично видео, кое осамна на каналот Youtube, шокира пет охридски семејства. Во содржината на видеото биле употребени слики од деца, како и од дел од возрасните, а истите биле земени од профили на социјалната мрежа фејсбук. СВР Охрид работи на расветлување на случајот.
Кога боите ќе запеат
Нил Харбисон е роден со ретка болест која предизвикува комплетно слепило за бои.
Охрид има потенцијал за спелео туризам
Две пештери во НП „Галичица“, кријат голем потенцијал за развој на спелео туризмот. За жал малкумина знаат дека и во охридскиот регион постојат вакви природни реткости, кои би можеле да привлечат голем број на туристи, пред се љубители на природата. Охридските спелеолози откриват можности за развој на овој вид туризам.
До темел изгореа конаците на манастирскиот комплекс „Трескавец“
Утринава, претставници на надлежните институции го посетија манастирскиот комплекс „Трескавец“ кој вчера попладне го зафати огнена стихија во која до темел изгореа конаците.
Повторно во функција семафорите кај ОУ „Христо Узунов“
Семафорите на крстосницата на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала , повторно се во функција.