Охрид ќе добие нов театар
Се поизвесно е дека Охрид ќе добие нов современ театар. Во текот на оваа недела министерството ќе објави конкурс за идејно решение за изградба на театарот. Тој ќе се гради на местото од сегашниот Центар за култура.
Ќе помогнат ли снимките од видео надзорот?
МВР прибрало десетици снимки од безбедносните камери,на кои ќе се прегледува дали случајно уловени убијците во темно – црвениот Опел омега пред и по убиството.
Во Охрид расте бројот на заболени од грип
Во Охрид се зголемува бројот на пациенти заболени од грип. Тоа се должи на зголемената фрекфенција на луѓе во градов за време на праниците со што се зголемуваат и можностите за пренесување на ова заразно заболување. Кулминација на ова заболување се очекува во февруари кога учениците започнуваат со настава.
ОУ „Гоце Делчев“ од септември двојазично
Нови чартер летови од охридскиот аеродром во организација на „Томас Кук“
Во текот на 2016 година се очекува значаен развој на охридскиот аеродром, најави Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.
Формирани се четвртфиналните двојки на ЕП во кошарка
По синоќа комплетираното трето коло во Ф групата, се формираа четвртфиналните двојки на Европското првенство во кошарка што се игра во Полска.
Слаб интерес за престој во Охрид за време на Божикните празници
За Божикните празници повторно мала исполнетост на хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро. Ширењето на корона вирусот е главна причина за малиот наплив на туристи во овој продолжен празничен викенд. Хотелскиот сектор повторно апелира за поддршка од владата.
Мини акумулации на речните корита за решавање на проблемот со наводнување
Изградба на мини акумулации на речните корита за решавање на проблемот со наводнување-предлагаат охридските земјоделци. Освен тоа, со ваквите акумулации тие велат дека се решаваат и поплавните удари кои знаат да предизвикаат проблеми во поголеми влажни периоди.