Skip to main content
Мар 25, 2016

Победа со поддршка на охриѓани. Такви се очекувањата на охридските ракометари за утрешниот натпревар помеѓу екипите на Охрид 2013 и Тинекс Пролет.


Окт 12, 2009

Руските екипи на Економист кај мажите и на Спартак кај жените станаа европски клупски шампиони на Европскиот клупски куп што синоќа заврши во Охрид.


Ное 19, 2021

Постот нецелосно ја информира јавноста, односно му недостига контекст. Точно е дека „Фајзер“ во вакцината за деца под 11 години ја додава состојката трометамин, но оваа состојка ја додава и во вакцините за тинејџери и возрасни. Не е точно дека трометаминот се додава за да се спречи срцев удар по примање на вакцината, туку за да се олесни нејзиното одржување и траење. Трометамин има и во вакцината на „Модерна“, но и во други вакцини и лекови одобрени од ФДА.


Мар 25, 2016

По минатонеделната конституивна седница  на Одборот за одбележување на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент -Охридски  што  се одржа во Скопје, а со која претседаваше претседателот на државава Ѓорге Иванов, денеска градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го одржа првиот координативен состанок со врвот на МПЦ и МАНУ со цел да се утврдат првичните содржини на  централната манифестација на настанот – Свечената Академија што на 9 август ќе се одржи во Охрид.


Јул 23, 2021

Деновиве на протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Традиционално на средбата беа потврдени добрите и пријателски релации на Охрид со државата Израел и одличната меѓусебна соработка.


Мар 24, 2016

Секоја година се откриваат помалку заболени од туберкулоза во споредба со претходните години, но тој пад е се уште доста мал. На светскиот ден за борба против туберкулозата 24 март, податоците говорат дека десет милиони животи во светот може да се спасат од смрт во текот на следните 5 години.


Мар 24, 2016

Oхридскитe таксисти незаинтерсирани за бесплатните обуки по англиски јазик.


Мар 10, 2015

Со детектор за метал среќникот нашол грутка злато која се проценува на 135.000 долари