Окт 13, 2023
TUI
Не се укинуваат летови од Велика Британија туку ќе се реализираат од Манчестер
Нема укинување на летови од Велика Британија за наредното лето. Објаснувањето од Челик Асим на КТМ Војаж партнер на ТУИ Холандија е дека и двата лета остануваат, но дека ќе се реалзираат од еден аеродром, оној од Mанчестер. Причина e недоволниот број на слотови особено на европските аеродроми, што пак е и најголемиот проблем на туроператорите.
Окт 13, 2023
Општина Охрид
Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер
Градоначалникот и амабасадорот разговараа за соработка во туризмот, за прашања поврзани со урбанистичкото планирање на градот, препораките од УНЕСКО и за странски инвестиции во Охридскиот регион.
Окт 13, 2023
Одделение за сузбивање на економски криминал и корупција при МВР и ОВР Струга
Полицијата запленила нелегални 16 кубици огревно дрво во атарот на с. Вишни
По насоки на јавен обвинител, дрвата се одземени и предадени на Шумската полиција.
Окт 13, 2023
УНЕСКО препорака – затворање на нестандардните депонии
Да се забрза изградбата на регионалната депонија во Новаци
Да се забрза процесот за изградба на регионалната депонија во Новаци, за да се стави крај на загадувањето на водата, воздухот и почвата. Според последните најави на министерството за животна средина, се очекува до крајот на годинава да се распише повикот за набавка, а до првата половина на 2024 да започне и градба на депонијата во Новаци, каде ќе се депонира сметот од Југозападниот и пелагонискиот регион.
Окт 13, 2023
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕКУ ПОНУДА НА ПРОИЗВОДИ СО ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ
Виктор Мизо говорник на Годишната конференција на автомобилскиот кластер на Србија
Мизо е на мислење дека решението за идниот раст на автомобилската индустрија во земјите од регионот всушност лежи во производите со додадена вредност, посилна конкурентност и усвојување на најновите глобални стандарди како сметководствени и финансиски, така и примена на нови технолошки процеси.
Окт 13, 2023
Државен завод за статистика
Во август издадени 7 одобренија за изградба на 129 станови во Охрид
Според издадените одобренија за градење, едно е издадено на физичко лице а останатите 6 инвеститори се деловни субјекти.
Окт 13, 2023
Измама со лажни пораки
МВР: Oбиди за измама со прибавување на лични податоци од граѓаните
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за посебна внимателност, нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.
Окт 13, 2023
Споменик на природаta Вевчански извори
Украдени две камери за мониторинг на дивиот свет на подрачје на Вевчански извори
Локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани со поддршка на ПОНТ, а во соработка со Општина Вевчани спроведува проект за воспоставување систем на контиуниран мониторинг на видови кои се под закана и се значајни, како на локално, така и на национално и светско ниво.
Окт 13, 2023
Убавото време ја продолжува сезоната
И во есен Охрид полн со туристи
Голем број странски групи секојдневно го посетуваат главниот туристички центар. Туристичките работници велат дека веќе се прават подготовките и договорите за следната туристичка сезона која очекуваат да биде уште подобра од 2023, година која испиша рекорди надминувајќи ги бројките на ноќевања и број на туристи од 2019 година.