Skip to main content
Ное 24, 2023
СВР Охрид
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ное 24, 2023
Планинска спасителна служба
ПСС Охрид оваа зима нема да интервенира при заглавени возила на забранетиот пат кон Галичица. Оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и самоиницијативно возат од Корита кон Ресен ќе подлежат и на казни. Лани ПСС интервенирала при 38 повици за заглавени возила во НП Галичица.

Ное 24, 2023
УХМР
На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места.

Ное 24, 2023
Според неофицијални информации, уапсени се околу 20-тина криминалци.

Ное 24, 2023
Покрај институциите и граѓаните треба да покажат поголема свесност за зачувување на природното и културното наследтсво, алармира научната фела. Унеско е бренд, заштитен знак и еден од основните мотиви за привлекување на се поголемиот број странски гости од целиот свет. Токму затоа и институциите и населението заеднички треба да се вклучат во зачувување на статусот на Унеско.

Ное 23, 2023
Државата која ги формира цените на струјата и водата да ги превземе од Општина Дебрца ингеренциите во делот на водоснавбдувањето, бара Градоначалникот Ногачески, откако по трет пат, поради неплатен долг, ЕВН ги исклучи од напојување пумпните станици во општината. ЈКП Дебрца наплатува најниска цена на вода, а на ЕВН и плаќа индустриска цена за струја со што состојбата е невозможна, резигнирано вели Ногачески.

Ное 23, 2023
Се бара итна институционална реакција и санкционирање на организаторите
Здруженија за заштита на животните алармираат дека во околината на Охрид, во месноста Мауцкер се организираат борби со кучиња. Тие посочуваат дека рингот за крвопролевање на недолжни битија е поставен веќе две години, се кршат низа закони, но нема реакција од надлежните и санкционирање на организаторите. Бараат полицијата итно да реагира. Брза институционална реакција побара и Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Од СВР Охрид денеска излегоа со соопштение дека се преземаат интензивни контроли на целото подрачје кое го покрива секторот, но дека досега немало официјално доставена пријава за борба со кучиња.

Ное 23, 2023
СВР Охрид
Тој, на катарстарска парцела во селото, изградил индивидуална семејна куќа без соодветна дозвола издадена од надлежен Државен орган

Ное 23, 2023
СВР Охрид
Досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но од СВР Охрид апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.