Изградба на нови хотели предвидена со новиот ДУП за потегот Горица-Св.Стефан-Метропол
Според градоначалникот Бакрачески, токму изградбата на хотелски комплекси е нивната генерална урбанистичка определба поради можноста за брз локален економски развој.
Почна туристичката сезoна – колони возила на Табановце и Богородица
Внимавајте на дупките, ќе останете без гуми
Големи и опасни дупки на патниот правец Охрид – Ресен во близина на Крушје се причина за сериозни оштетувања на автомобили на граѓани кои поминуваат отука. Златко Ангелески од Охрид за ТВМ раскажа едно непријатно искуство, што го доживел синоќа точно на тој патен правец.
Нема радијација во Македонија
Охридското Водно, Чекоштина ќе добие нов лик
Населбата Чекоштина ќе добие нов изглед. Според новиот урбанистички план, таму треба да никнат семејни куќи, згради, угостителски објекти и друг вид комерцијални содржини. Планиран е и простор кој ќе биде хортикултиурно уреден, а ќе има место и за црква.
Пандев во Јувентус
Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев се договорил со Јувентус во новата сезона да го облече „црно-белиот“ дрес на тимот од Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Ангел Карали и Бојан Спасеноски победници на натпреварот за „Најдобар младински бизнис план’
Проектот „Yes team for the win¨ во организација на Младинскиот образовен форум беше таргетиран кон младите луѓе со цел да ја пополни празнината, да придонесе за развивање практични вештини и применливо знаење.
Легализацијата и урбанизацијата, причини што не оди бизнисот на агенциите за недвижности
Легализацијата и урбанизацијата се само дел од низата проблеми со кои се соочуваат агенциите за недвижности од Охрид. Агентите за недвижности сметаат дека лошата состојба и проблемите со пазарот за недвижнини може да се подобри, само доколку градските власти имаат план и стратегија да го урбанизираат Охрид, од бензиската кај Билјанини до Св Наум. Односно да ја исполнат законската одредба, на секои 10 години да го сменат Генералниот урбанистички план, како бизнисмените би имале терен за инвестирање во Охрид.