Skip to main content
Авг 14, 2023
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5денари одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Авг 14, 2023
Пензионерите не отстапуваат од барањата
Охридските пензионери продолжуваат со протестите. Тие и денес пред канцелариите на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, го повторија своето барање за линеарно, а не процентуално, зголемување на пензиите. Повторно изостана поддршката од раководството на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, но паднаа и обвинувања за криминално работење на сегашното раководство и беше побарана нивна оставка.

Авг 14, 2023
Здружение на граѓани „Нова порта“ Струга
Проектот „Екологија, дел од нашата култура“ има за цел подигнување на свеста за здрава животна средина. Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека преку вакви акции за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридското езеро од друга страна се остава чиста слика пред бројните туристи кои престојуваат во Струга.

Авг 14, 2023
СВР Охрид
Продолжуваат засилените акциски контроли на сообраќајната полиција на територија на СВР Охрид.

Авг 14, 2023
Фестивал Охридско лето
Претставата „Декамерон“ од Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на „Војдан Чернодрински“ силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин.

Авг 14, 2023
Преку внимателни ископувања на локалитетот и напредна анализа, тимот археолози заклучил дека населбата палафит кај Лин е стара 8.500 години, а со тоа е најстарата позната предисториска населба во Европа.

Авг 14, 2023
Светско Таеквондо ИТФ  првенство
Тројца охридски теквондисти ќе не претставуваат на Светското Таеквондо ИТФ  првенство кое ќе се одржи во Астана–Казахстан. Екипата се состои од пет лица, од кои две официјлани лица  и тројца натпреварувачи кои се Европски медалисти и најдобри поединци.

Авг 14, 2023
Македонска фудбалска репрезентација
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација одлуката ја објави на социјалниите мрежи со објаснување дека се повлекува поради нарушениот однос со селекторот Благоја Милевски.

Авг 14, 2023
Православен календар
По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).