Skip to main content
Авг 13, 2023
Фестивал Охридско лето
Овој реномиран камерен состав  го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Авг 13, 2023
Национално здружение Храбро Срце
Пациентите со вградена  механичка циркулаторна потпора, со години  чекаат трансплантација , но доколку се најде соодветен донор, државата треба да обезбеди владин авион за да се донесат  стручни лица од странство, кои ќе ја изведат операцијата.

Авг 13, 2023
Охрид се сеќава
Во чест на Чинго од 1988 година во неговото родно место Велгошти се одржуваа манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Авг 13, 2023
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно од страна на тогашниот претседател Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери.

Авг 13, 2023
УХМР
Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер.

Авг 12, 2023
Општина Охрид
Скулптурата е донација од уметникот Никола Пијанманов за манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово”, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Авг 12, 2023
Совет на Општина Охрид
Ќе се реализира иницијативата на Левица Охрид за обележување на службените возила со кои располага Општина Охрид. Десетината возила со кои располага локалната ќе бидат обележани со лепенки со цел да се спречи злоупотреба на истите за приватни потреби на административците.

Авг 12, 2023
Фестивал Охридско лето
Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов.

Авг 12, 2023
Младински центар Охрид
Присутните имаа можност да уживаат во изложбата на фотографии од малата Нина Ангелоска, додека најмладите беа дел од забавни игри, детска атлетика и работилница за цртање на канвас со проф. Жанета Стаиќ.