Авг 11, 2023
Руска лунарна мисија
Русија по пет децении се враќа на Месечината
Вселенското летало „Луна-25“ има маса од 1,8 тони и се планира да помине најмалку една година на површината на Месечината, собирајќи примероци и изведувајќи различни истражувања.
Авг 11, 2023
УХМР
Сончево со умерена облачност и температура до 26 степени
Следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Авг 10, 2023
Црвен крст на РСМ
Донации за помош на настраданото население од поплавите во Словенија
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
Авг 10, 2023
Туристите со забелешки за лошата патна инфраструктура кон Охрид и Струга
Патната инфрастуктура до главните туристички центри во земјава Охрид и Струга и оваа сезона потполно небезбедна. Возачите, но и бројните туристи се жалат за состојбата на патиштата. Граѓаните бараат да се забрза изградбата на автопатот Охрид Кичево која трае цели девет години.
Авг 10, 2023
СОСУ „Св Кирил и Методиј“ Охрид
Вечерва доделување на дипломите на матурантите од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ Охрид
Свеченоста ќе се одржи на летната сцена на Долни сарај со почеток во 19 часот.
Авг 10, 2023
ГРК Охрид
ГРК Охрид на прием кај градоначалникот Пецаков
Пецаков на ракометарите им посака успешни подготовки и уште поуспешна сезона во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека градот цврсто стои зад клубот.
Авг 10, 2023
Совет на Општина Охрид
ОУ„Кочо Рацин“ ќе се сели на нова локација
Со обезбедување на одобрението за реконструкција од страна на Секторот за урбанизам, ќе заврши административниот дел од процедурата за проектирање на новиот објект во поранешната касарна, каде треба да се префрли Основното Училиште „Кочо Рацин“. Проектот за реконструкција ќе чини речиси деведесет милиони денари. Доколку Министерството за образование не помогне финансиски во реализацијата, заложба на Локалната е сама да го реализира овој процес со буџетски средства во период од неколку години.
Авг 10, 2023
Фестивал Охридско лето
„Сергеј е многу глупав“ вечерва на драмскиот репертоар на „Охридско лето“
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Во неа играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Леонида Гулевска.
Авг 10, 2023
СВР Охрид
Казнети 17 мотоциклисти во Охрид за сообраќајни прекршоци
Во засилените акциски контролина целата територија на СВР Охрид регистрирани 42 прекршоци од страна на мотоциклисти.