Skip to main content
Јул 26, 2023
Седница на Влада
Согласно Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура, владата донесе одлука за распределување средства на општините за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема.

Јул 26, 2023
Практична вежба на кучиња трагачи на Аеродромот Св. Апостол Павле
На Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, денеска беше демонстрирано откривање на недозволена трговија од страна на мобилните тимови со помош на царинските кучиња во реални услови.

Јул 25, 2023
Женски центар Бисера
Како резултат на обуките се одржа и изложба  каде се изложија ракотворбите изработени од младите.

Јул 25, 2023
Патот до успехот
Сторијата на Пашовски е уште еден пример во низата дека Македонија изобилува со таленти и успешни млади луѓе.Пашовски денес е ракометен тренер кој со работа стартувал како ракометар во Охрид, а во Шведска за само три сезони станал тренер на женски ракометен клуб во прва лига. Патот до овој голем успех не е лесен, но крајниот резултат е промоција за мојот град Охрид и Македонија вели Пашовски.

Јул 25, 2023
„Пеколна комедија: Исповеди на серискиот убиец“
Актерот Џон Малкович, пристигна во Охрид. Американската филмска ѕвезда со проектот во режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“ во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и Оркестарот на Виенската академија е најексклузивниот гостин кој ќе се запише во списокот на најголемите уметници кои настапиле низ историјата на „Охридско лето“.

Јул 25, 2023
„Македонија 2020-2025“
На кампот, кој траеше шест дена, 25 млади луѓе на возраст од 11-15 години од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, се обидиоа да го подобрат дигиталното владеење преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика.

Јул 25, 2023
Плочникот во струшката чаршија во лоша состојба
Старите мермерни плочки се распаѓаат, а наместо ревитализација се заменуваат со несоодветни материјали. Под притисок на урбаната и градежна експанзија комплетно е изменета и старата градска архитектура. Експертите велат старото струшко јадро треба да се заштити со посебен закон.

Јул 25, 2023
Summer Comedy Marathon 2023
Неверојатна стендап вечер со дамите Надица Петрова и Ангела Стојановска.

Јул 25, 2023
Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова
Примарната цел на овој прирачник е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо.