Skip to main content
Сеп 2, 2026
општина охрид
Општина Охрид со богата програма ќе го одбележи јубилејот 35 години од независноста на Република Македонија.

Сеп 2, 2026
Повеќе од 300 пензионери од околу 40 здруженија од целата земја денеска се собраа во Охрид на 30. јубилејни Републички пензионерски спортски игри. Покрај спортското натпреварување, игрите се можност за дружење и размена на искуства, но и порака дека активниот живот нема старосна граница. На настанот беше упатена и порака дека пензионерите треба активно да бидат вклучени во креирањето на законите и политиките што директно ги засегаат.

Сеп 2, 2026
општина охрид
Учество на 30. Републички пензионерски спортски натпревари ќе земат 312 пензионери од 41 здружение од Македонија.

Сеп 2, 2026
Охрид од денеска до 9 септември е домаќин на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“. Во организација на Општина Охрид, на колонијата учествуваат 17 ликовни уметници од земјава и странство, кои ќе создаваат дела инспирирани од охридското природно и културно наследство и препознатливиот амбиент на градот. Целта, според организаторите, е создадените дела да останат во сопственост на Општина Охрид и со тоа да се создаде ново уметничко наследство за идните генерации.

Сеп 2, 2026
Во изминативе осум години, на колонијата учествувале близу 40 автори од земјава и регионот, а во сопственост на колонијата се близу стотина уметнички дела, кои се веќе опремени и подготвени за изложби.

Сеп 2, 2026
Второто издание на „Со СУП преку граница“ покажа дека спортот може да биде силен мост за соработка, а Охридското Езеро е заедничко богатство кое ги поврзува луѓето без оглед на државните граници.

Сеп 2, 2026
Струга, годинава, повторно ќе биде место каде што традицијата ќе оживее во боја, вез, орнамент и носија. По повеќе од половина век, Ревијата на народни носии продолжува да ја раскажува приказната за македонската традиција преку носијата не само како дел од фолклорот, туку и како сведоштво за историјата, занаетите, обичаите и културниот идентитет на македонскиот народ.

Сеп 2, 2026
Голема количина риба и дваесет висечки рибарски мрежи, со вкупна должина од околу четири километри, биле пронајдени при акциска контрола на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Мрежите биле откриени на потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда, а во нив биле уловени 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми.