Апел до Тодоров
Малата Сенада Махмудоска од Охрид има многу ретка болест на очите. Нејзината состојба од ден на ден се влошува и од неодамна таа почна да го губи видот. Мајката на Сенада го повикува министерот за здравство, Тодоров да ја сослуша нивната мака.
Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј
Нашинец кој живее и работи во Австралија ќе инвестира во Лакочереј. Имено, според најавите на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, инвестицијата е тешка над 20 милиони евра а предвидено е да се гради викенд населба со хотел и Дом за пензионери.
Женскиот ракомет се враќа во Охрид после долга пауза
Од Септември се надеваат дека ќе ги имаат сите потребни услови за да заиграат во Првата женска ракометна лига во Македонија.
Неплатен долг кон ЕВН ги остави без вода жителите на Долно Лакочереј
Жителите на село Долно Лакочереј, во 21ви век, пет дена останаа без вода за пиење.
Време е за ново поглавје за Охрид, порача д-р Бакрачески
Програма за развој на Охрид, пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески.
Манипулативниот трошок од 6 денари скапо ќе ја чини ЕВН
Масовни тужби кон ЕВН Македнија.
Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти
За оваа година најавија финализирање на неколку позначајни проекти од областа на конзервацијата на фасади, со кои Охрид треба да врати барем дел од карактеристичната староградска архитектура.
Занаетчиите на удар од нелојалните конкуренти
Несоодветни простории се адаптираат и се работи нелегално скоро во сите дејности.