Окт 19, 2026
Осум медали за охридскиот „Хваранг Фист“ на третото коло од Македонската теквондо лига
Со освоените осум медали, охридските теквондисти освоија и нови бодови во борбата за конечниот пласман во Македонската теквондо лига.
Окт 19, 2026
Денеска во 17 часот извлекување на наградите од акцијата „За посреќно детство“ на Црвен крст Охрид
Во извлекувањето ќе учествуваат броевите на сите талончиња купени за време на акцијата, а граѓаните ќе имаат можност да го следат настанот во живо преку официјалниот YouTube-пренос.
Окт 19, 2026
Над 50 хектари опожарени во Дебрца, пожарот се заканувал на посеви и фотонапонска централа
Последниот пожар е уште едно предупредување за опасностите од неконтролираното палење на стрништа, особено во услови кога сувата вегетација овозможува огнот брзо да се прошири и да зафати земјоделски површини, инфраструктура и околните населени места.
Окт 19, 2026
Факултет за туризам и угостителство
Проф. Климе Попоски од ФТУ говорник на Меѓународна конференција за осигурувањето во услови на стареење на населението
Проф. Климе Попоски со научно истражување на меѓународна конференција во Братислава
Окт 19, 2026
православен календар
Денес го славиме Светиот апостол Тома
Светиот апостол Тома, 6 октомври (по стар стил)
Окт 19, 2026
УХМР
Денес сончево со температури до 18 степени Целзиусови
Во Охрид денес минималните температури од 5, а максималните до 18 степени Целзиусови.
Окт 17, 2026
Пациентите од југозападна Македонија ќе примаат терапија за мултиплекс склероза во „Св. Еразмо“ – Охрид
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека се потпишани протоколи за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза со Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје и Клиничката болница Штип.
Окт 17, 2026
Запленет и уништен еден тон пилешки желудници во месарници во Струга и Охрид
При вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство запленила и уништила еден тон пилешки желудници и дополнителни 55 килограми месни подготовки во кои биле употребени овие производи, чиј увоз и употреба за човечка исхрана се забранети од јули 2024 година. Против две месарници се преземени прекршочни мерки.






