Апр 10, 2023
Ќе се испитуваат причините за смртта
Почина новороденче во Битола
Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме било родено со тахикардија и имало белодробно срцево оживување. Тоа е се што во овој момент можам да кажам, рече министерот за здравство Фатмир Меџити.
Апр 10, 2023
Шаховска федерација на македонија
Светско екипно првенство во шах за сениори во септември во Струга
Од 19 до 29 септември, во Хотел Изгрев, Струга ќе се одржи Светското екипно првенство во шах за сениори. Се очекува да учествуваат повеќе од 400 шахисти од целиот свет.
Апр 10, 2023
Сообраќајни контроли
Казнети 18 возачи во Охрид, 15 во Струга
Во Охрид санкционирани 18 возачи, а во Струга 15, поради управување моторни возила со брзина поголема од дозволената.
Апр 10, 2023
Охридско крајбрежје
Повторно опожарена трска во близина на Калишта
Повредени лица нема, а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид.
Апр 10, 2023
Култура
Наскоро премиера на Несфатената цивилизација
Напишана пред век и половина, со актуелност и свежина на темите кои ги третира, ја прави оваа претстава една од оние кои мора да се видат.
Апр 10, 2023
Улица питу гули
Тендерашите на сијалици да си ја завршат работата, а не само пари да лапаат, реагираат граѓаните
Граѓаните потенцираат дека мораат од свој џеб да даваат пари за да ги поправат зафатите кои се изведени непрофесионално и небезбедно.
Апр 10, 2023
Народен театар охрид
Во четврток премиера на комедијата Несфатената цивилизација
Премиера на „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, гротескна комедија во два чина, во четврток на 13-ти април, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
Апр 10, 2023
Зимски туризам
Стружани сакаат да се гради ски центар на Јабланица
Стружани сакаат да се изгради ски центарот на Јабланица. Според активистите оваа инвестиција нема да ја загрози природата, а ќе значи бенефит за локалната и регионалната економија. Според градоначалникот Мерко, не постојат пречки за реализација на проектот, веќе има неколку странски компании кои сакаат да го градат ски центарот.
Апр 10, 2023
Млади природници и техничари
Грст медали за учениците од ООУ „Григор Прличев“ на Државен натпревар во Велес
Учениците од ООУ „Григор Прличев“ освоија бројни медали на Државниот натпревар за млади природници и техничари кој се одржа во Велес.