Фев 27, 2023
Национална опера и балет
Романтичниот балет Жизел на репертоарот на НОБ
На 28-ми февруари и 2-ри март со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе романтичниот балет „Жизел“.
Фев 27, 2023
Свр охрид
Охриѓанец нападнал сограѓанин во казино
Приведен 41-годишен охриѓанец кој во казино на бул. „Македонски Просветители“ физички нападнал 20-годишен сограѓанин.
Фев 27, 2023
Општина охрид
Пецаков оствари средба со Гордана Лолеска
На средбата, градоначалникот Пецаков и госпоѓата Лолеска ги обоија двете дланки како симбол на надеж дека ќе се обезбеди поголем медицински напредок во третманот и лекувањето на ретките дијагнози и дека ќе се обезбеди пристап до лекови за 10% од лицата кои се соочуваат со ретко заболување.
Фев 27, 2023
Одбележување
115 години од смртта на Марко Бошнаков
Во рамки на свеченостите настапија членовите на КУД „Гердан од бисери“, а историски час одржа кустосот при охридскиот Завод и музеј, Горан Митрески.
Фев 27, 2023
Градежни активности за асфалтирање
Забрана за паркирање на ул. Ѓорче Петров
Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.
Фев 27, 2023
Животни приказни
Сукова ги бара Билјана и Зорица од Охрид
Барбара Сукова, една од ѕвездите на европскиот филм и годинешната лауретка на белградскиот филмски фестивал, ги бара охриѓанките Билјана и Зорица. Таа ја искористи прес конференцијата на фестивалот да упати молба до јавноста да и помогне да ги пронајде двете девојки кои ги запознала како тинејџерка во Охрид.
Фев 27, 2023
Св. Апостол Павле
Нова терминална зграда за охридскиот аеродром
Ќе се гради нова Терминална зграда за Охридскиот Аеродром. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потврди дека е разговарано изградбата на новата терминална зграда да започне во текот на оваа година во координација со ТАВ Македонија. Реализацијата на проектот ќе го зголеми капацитетот и можност за дополнителен развој на аеродромот кој низ годините го зголемува својот обем на сообраќај.
Фев 27, 2023
Основен суд Охрид
Дојава за бомба во охридскиот суд
После антитерористички проверки на судската зграда, се утврди дека заканата е лажна. Дојави за бомби денеска пристигнаа на електронските пошти на 19 средни и девет основни училишта во земјава.
Фев 27, 2023
Јп водовод
Се поставува нова водоводна линија на ул. Пирин Планина
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри.