Skip to main content
Фев 13, 2023
Свр билтен
Кривична пријава за жител на Албанија кој насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети.

Фев 13, 2023
Физички напад
Кривична пријава за охриѓанец кој во угостителски објект на Кеј Македонија физички нападнал 42-годишно лице.

Фев 13, 2023
Свр охрид
16-месечно бебе било однесено во болницата Св. Еразмо со тешки телесни повреди. Од СВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фев 13, 2023
Услужни дејности
Секој на свој начин се бори за опстанок посебно во зимските месеци. Засега не е алармантна состојбата со затворање на продавници и покрај зголемените трошоци во работењето.

Фев 13, 2023
Основни училишта
Со водичи за запознавање со природата во одделенска настава ќе се развива еколошката свест кај новите генерации. Од печат излегоа три прирачници во издание на издавачката куќа Чудна шума а поддрѓано од О2 Иницијатива. Книгите кои опфаќаат три екосистеми, животот низ шумата, низ барите и езерата и градско зеленило ќе бидат дистрибуирани низ училиштата во државава. Триплетот прирачници може да се користат како џебно издание во училница но и илустративно да се употребуваат на екскурзии и прошетки.Нивната примена ќе биде надополнета со квизови на онлјан платформа преку кои учениците ќе го проверуваат знаењето на забавен начин.

Фев 13, 2023
Ухмр
Резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е намален за еден сантиметар.

Фев 13, 2023
Временска прогноза
Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.

Фев 13, 2023
103та седница
Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

Фев 13, 2023
Во сабота на 18-ти февруари со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“.