Skip to main content
Фев 9, 2023
Приведен 36 годишен охриѓанец
Приведен 36-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде пиштол, ловечка пушка, куршуми и една рачна граната.

Фев 8, 2023
Црвен Крст
Во оваа фаза на одговор на катастрофата која ги погоди Турција и Сирија најцелисходно е граѓаните да помогнат преку донација на финансиски средства. Овој апел денеска го упати Претседателот на охридската организација на Црвен Крст, Сашо Точков. И Од републичкиот црвен крст апелираат дека треба да се рационализира и воедначи процесот на донирање согласно конкретните потреби на терен. Механизмите на црвениот крст се активирани, се одржува постојана комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина и според нивни барања и потреби ќе се дејствува.

Фев 8, 2023
Почина чекајќи го лекот од државата
Чекајќи го лекот од државата, денеска почина Благојче Илиевски, најтешко болниот од реткото заболување, цистична фиброза.

Фев 8, 2023
Кривична пријава
37-годижен жител на струмичкото село Секирник по објава од портал фејсбук, постирал коментар со недолична и заканувачка содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

Фев 8, 2023
Ја злоупотребил службената положба
Кривична пријава за 54-годишен жител на Октиси кој во својство на референт по сеча во шумско стопанство „Јабланица“ ја злоупотребил службената положба.

Фев 8, 2023
Катастрофален земјотрес
Осуммина пожарникари од охридската противпожарна единица заминуваат да помагаат во Турција. Командирот Борко Јанкулоски вели петмина од нив се пожарникари, тројца се возачи и сите заеднички се подготвени професионално да одговорат на задачата.

Фев 8, 2023
Образование
Се бараат начини како младиот стручен кадар да остане дома, а стопанството да има квалитетни работници. Спасот се гледа во дуалното образование и поврзувањето на стручните школи со компаниите. Приоритет е создавање можности за изведување на практична настава за учениците и мотивација од семејствата за средношколоците да избираат стручни профили

Фев 8, 2023
Свр билтен
Охриѓанец со остар предмет нападнал негов сограѓанин по вербална расправи пред деловен објект во близина на СРЦ „Билјанини извори“.

Фев 8, 2023
Здружение на новинари на македонија
Пријавите треба да бидат означени: „За ЗНМ НАГРАДА” во предметот на електронската порака или напишано на ковертот.