Фев 3, 2023
Акција за чистење
Уредени локациите каде што ќе се одбележува јубилејот 130 години од смртта на Прличев
Интервенирано е кај спомен-куќата на Прличев, гробот во близина на црквата Св. Богородица-Перивлепта, бистата пред НУ Библиотека „Григор Прличев”.
Фев 3, 2023
Јп охридски комуналец
Акција за чистење на крајбрежјето од Далјан до Св. Наум
Се подигнува тешко разградлив комунален отпад оставен од несовесни граѓани, како и отпадот кој го натрупува езерскиот бран (најзастапени пластични шишиња, лименки и др.
Фев 3, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Дизелот поевтинува за два денари
Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 01.02.2023 година.
Фев 3, 2023
Државна комисија за спречување на корупција
Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски
Антикорупциска до Владата ќе поднесе барање за утврдување одговорност, а од УЈП ќе се бара да направи увид како спортските клубови и другите спортски здруженија ги користеле ваучерите од 2020 па наваму.
Фев 3, 2023
Математичка академија
Константин Шарковски и Филип Нелоски од ОУ Св. Климент Охридски се пласираа на математички маратон во Србија
Математичкиот маратон е организиран во рамките на ,,Математичка академија” во организација на врвни математичари од Србија.
Фев 3, 2023
Ухмр
Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени
Најниската температура во текот на месецот е измерена во Берово на 7 јануари која изнесуваше -7,4 степени, информираат од УХМР.
Фев 3, 2023
Работел на црно дома во нелегална ординација
Судот го осуди гинекологот Мухамед Асани
Казна затвор во траење од две години, но таа нема да се изврши ако осудениот во рок од 4 години не стори ново кривично дело. Ова е одлуката на Основниот суд во Струга за поранешниот директор на струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, кој пет години работел на црно во нелегална ординација во својот дом. Клучен сведок беше, Јилдиз Веапоска родилката од Дебар која остана без три органи. Дело за кое во паралелен судски процес Асани се товари за тешки дела против здравјето на луѓето.
Фев 2, 2023
Соработка
Хрватската амбасадорка во работна посета на Општина Охрид
Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани повеќе теми и области за соработка помеѓу Охрид и Хрватска.
Фев 2, 2023
Центар за развој на југозападен плански регион
Реконструирани петте улици во старото градско јадро во Струга
Реконструирани се улиците „27 Март“, „Нико Нестор“, „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ во должина од 600 метри и површина од околу 3.200 метри квадратни.

