Јан 27, 2023
Резултати од последни мерења на ухмр
Зголемен водостојот на Охридското езеро
Резултатите од последните мерења направени од УХМР, покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е зголемен за еден сантиметар.
Јан 27, 2023
Српска заедница
Пецаков упати честитка по повод Свети Сава
Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед кои го чествуваат големиот христијански празник Свети Сава.
Јан 26, 2023
Афирмација на училиштето
Ученици изработија рекламен спот за ОЕМУЦ
Во видеото се прикажани одличните услови за работа и пријатната атмосфера во ОЕМУЦ, модерниот и современ изглед, како и дел од наставниот кадар од училиштето.
Јан 26, 2023
Индивидуални домаќинства
Ќе се доделуваат канти за отпад на неколку улици
Индивидуалните домаќинства од улиците „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“ и „Крсте Мисирков“ ќе добијат канти за отпад.
Јан 26, 2023
Локална инфраструктура
Жители од Видобишта бараат пристапен пат
Сменет урбанистички план ги оставил без пристапен пат до домовите. Со години бараат од локалната самоуправа решение за проблемот.
Јан 26, 2023
НП Галичица
Теоретска наобразба за Граѓанска наука
Започнаа работилниците за граѓанска наука. Денес во просториите на Јавна Установа Национален парк Галичица во Охрид на присутните учесниците им се пренесоа основните податоци за проектот и значењето на активностите кои покрај едукација ќе претставуваат и модел за заштита на природните и културни вредности. Проектот е од големо значење за пристапните преговори на државата за влез во Европска Унија.
Јан 26, 2023
Касарна хаб охрид
Одржана инфо сесијата Со дигитална трансформација до иновација
На инфо сесијата „Со дигитална трансформација до иновација“ присуствуваа компании од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор.
Јан 26, 2023
Црвен крст охрид
Бројот на сиромашни во пораст
Вкупно 600 семејства, односно околу 2 500 луѓе од Охрид и Дебрца добиваат помош од Црвениот крст Охрид. Поскапувањето на електричната енергија и енергенсите ги примораа социјално загрозените граѓани да бараат и помош за огрев. Од Црвениот крст Охрид апелираат до општествено одговорни компании и хумани граѓани кои имаат можност да донираат за помош на социјално загрозените граѓани.
Јан 26, 2023
Несреќа
Тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Струга
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера меѓу товарно и патничко возило на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.