Јан 26, 2023
Здружение на новинари на македонија
Чадиковски до Митрев : Слободното новинарство постои за граѓаните
Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес, се вели во соопштението на Младен Чадиковски.
Јан 25, 2023
Градски систем за велосипеди
Инфлацијата ја успори реализацијата на Ohrid Go
Општиот пораст на цената на материјали и предмети ја успорува и реализацијата на делови од проектот Охрид Гоу. Општината ќе ја надополни празнината помеѓу предвидените и зголемените цени. Формирање градскиот систем на велосипеди, изградба на адреналински парк и пам ап трака ќе значат нова туристичка понуда чија реализација се очекува да започне во летниот период.
Јан 25, 2023
Министерство за здравство
Сали : Готова е листата на пациенти со ретки болести кои ќе добијат терапија годинава
Изработена е листата на пациентите со ретки болести во земјава, а Министерот за здравство оптимист, се надева дека овие пациенти годинава навреме ќе ја добијат и терапијата потребна за нивно лекување. Министерот објасни дека поради растечкиот број на пациенти и годинава зголемен е и буџетот за набавка на потребните терапии за третирање на пациентите со ретки болести.
Јан 25, 2023
Нов одговор
„Техничка грешка“ во вчерашниот извештај од ЈП Градски пазар
Поправен извештај на ЈП „Градски пазар“ за исплата на средства на медиуми.
Јан 25, 2023
Работи ли домаќински јп градски пазар
Реакции по вчерашниот прилог на твм.мк
Демант од СОС Балкан Медиа по погрешниот извештај од ЈП „Градски пазар“.
Јан 25, 2023
Министерство за труд и социјална политика
Од понеделник почнува исплатата на јануарските пензии
Од 30-ти јануари (понеделник), пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Јан 25, 2023
Ухмр
Зголемен водостојот на Охридското езеро
Резултатите од последните мерења направени од УХМР покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е зголемен за два сантиметри.
Јан 25, 2023
Ангел си ти
Музичко сценски настан во Крушево за 42-от роденден на Тоше
Напладне е музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.
Јан 25, 2023
Италијански композитор руџеро леонкавало
Драматичната опера Палјачи во петок во НОБ
Во петок на 27-ми јануари со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“.