Мар 21, 2024
Одложено денешното судско рочиште за случајот Пендиков
Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа закажаното рочиште од процесот што се води по предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Н асудењето не се појави еден од обинетите и двајца од светоците кои требаше да дадат исказ. Наредното рочиште е закажано за 16 ти април
Мар 21, 2024
Струшки вечери на поезијата
Францускиот поет Жан-Пјер Симеон е добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата 2024
Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 22 до 26 август.
Мар 21, 2024
Опожарена трска на брегот на Охридско Езеро кај Калишта
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Мар 21, 2024
Народен театар Охрид
По повод светскиот ден на Театарот „НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ бесплатна за публиката
Комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Мар 21, 2024
Реакција од ОО на СДСМ Охрид
СДСМ Охрид: Китески ем во работно време држи прес, ем ги заборавил документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината
„Ги предаде ли Китески документите за двајца сопружници во општината кои заеднички се потпишуваат на документи “изработил и одобрил” одобрение за градба?!“-прашуваат од СДСМ.
Мар 20, 2024
Ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
Нов обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Ги повредил законските прописи при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Поставил директорка која не била вработена во образовната установа и немала работно иксуство.
Мар 20, 2024
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид
Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Градски гробишта“ Ванчо Костоски
Владеењето на СДС и нивната коалиција во Охрид е синоним за криминал и корупција, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Потпретседателот на охридскиот огранок на партијата денеска на прес конференција информираше дека е поднесена кривична пријава против советникот во Советот на општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски, за злоупотреба на службена положба додека бил на директорската функција во ЈП Градски Гробишта.
Мар 20, 2024
кино репертоар
Филмот за Џеј Рамадановски „Недела“ на 29-ти март во Центар за култура Охрид
Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари.