Јан 20, 2023
Водици 2023
Денот на рибарите одбележан на Сараиште
Со традиционалното капење на рибарите на Сараиште се заокружи одбележувањето на Водици во Охрид. Охриѓани велат дека ова е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославуавала многу, со песна и ора и богати трпези, но се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана.
Јан 20, 2023
Здравје
Респираторните заболувања најчести кај младите
Децата и младите, исто така имаат проблеми со телесната тежина и со видот. Се почесто на удар е и здравјето на забите, а и понатака се присутни деформитети на рбетот.
Јан 20, 2023
Се намалува невработеноста во струшко
Годинава невработеноста е намалена за 10% во однос на лани. Најдефицитарен кадар во туристичка Струга се квалификувани работници во хотелско угостителскиот сектор и медицински кадар.
Јан 20, 2023
21 годишен охриѓанец
Нападнат секретарот на бугарскиот клуб во Охрид
Нападнат 21 годишен охриѓанец кој се здобил со тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид. Нападот се случил синоќа во угостителски објект. Инцидентот се поврзува со лице од Бугарскиот клуб Цар Борис Трети, за што се огласи бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Јан 20, 2023
Охридско струшки регион
Гир : Нелегалните градежни активности мора да запрат
Нелегалните градежни активности во охридско-струшкиот регион мора да запрат, порача евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој е дециден дека мора да се преземе акција со цел да запрат овие активности, не само за зачувување на природното и културно наследство од овој регион во контекст на УНЕСКО, туки и поради зачувување на владеењето на правото во земјава.
Јан 20, 2023
Ухмр
Попова Шапка под снежна покривка
УХМР за денеска најави снег на планините и на повисоките места како резултат на спуштањето на температурите.
Јан 20, 2023
Физички напад
Три лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец
Три лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец во угостителски објект лоциран на Кеј Македонија во центарот на Охрид.
Јан 19, 2023
Неговите најблиски молат за помош
Сѐ уште се трага по исчезнатиот охриѓанец Фадил Брао
Фадил исчезнал со неговиот автомобил голф 5 со регистрација OH131BS. Неговите најблиски молат за помош, а доколку имате било каква информација, јавете се на телефонскиот број 072573364.
Јан 19, 2023
Нарушен јавниот ред и мир
Тепачка во зграда на улицата Ванчо Николески
Нарушен е јавниот ред и мир во зграда на ул. Ванчо Николески, со физички напад извршен од 40-годишен охриѓанец кон двајца сограѓани.