Skip to main content
Јан 16, 2023
Нарушен јавниот ред и мир
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект на кеј Македонија со физички напад врз 42-годишен сограѓанин.

Јан 16, 2023
Тав македонија
На охридскиот аеродром, најфреквентна дестинација за патување за 2022 година е Виена (18% пазарен удел), потоа Базел (15,9%), Цирих (11,9%), Меминген (11%), Малме (10,8%), Фридрихсхафен (8,7%), Дортмунд (8,6%), Амстердам (8,3%), додека останатите дестинации се со пазарен удел од 1,2%.

Јан 16, 2023
Здравствено превентивна дејност
Црвен крст Охрид во рамки на одбележувањето на Водици и Денот на рибарите е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

Јан 16, 2023
Голема црковно народна манифестација
Се вршат последните подготовки за одбележување на големата црковно народна манифестација Богојавление Водици во Охрид. Викендов се чистеше езерското дно на локацијата кај градското пристаниште, каде капачите ќе скокаат по светиот крст.

Јан 16, 2023
Се собираат пари за нејзино лекување
Невладината „Хумани стружани” собира финансиски средства за лекување на повредена жена од Албанија, која живеела во Струга, откако пред неколку денови беше прегазена и оставена на пешачки премин. Возачот не укажал помош, избегал, а повредената во критична состојба е хоспитализирана. Трошоците за нејзиното лекување растат, ќе треба уште една операција. Од СВР Охрид велат, се работи на расчистување на случајот.

Македонски ракометари
Јан 15, 2023
Ракомет
Македонските ракометари вечерва ќе го одиграат вториот натпревар на Светското првенство, а противник ќе им биде екипата на Холандија.

Јан 15, 2023
Соопштение
Левица остро реагира за состојбата на работниците во Јавното претпријатие, чии семејства се оставени без приходи за време на големите верски празници, за време на економска криза.

Јан 14, 2023
Пронајдена и одземена марихуана
Од МВР информираат дека е приведен 33-годишен охриѓанец, откако полицијата кај него пронашла и одзела марихуана.

Јан 14, 2023
Манифестација
Амбасадорот Дејвид Гир го доживеа звукот на зурлите и тапаните, различните маски, персонификации и обичаи во еден различен битов амбиент.