Фев 22, 2023
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството
Исплатени субвенциите за градинарско производство
По лозаропроизводителите и полјоделците, ја исплаќаме и финансиската поддршка за градинарите. Во следните денови продолжуваме со исплата на останатите мерки од растителното и сточарското производство, истакна директорот Бачовски.
Фев 22, 2023
Собрание
Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата
Денеска продолжува 104-тата седница на Собранието на Македонија која што е посветена на владината реконструкција.
Фев 22, 2023
Временска прогноза
Времето денеска : Сончево, топло и ветровито
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност.
Фев 21, 2023
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Најава за можно враќање на евтината струја
Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона, вели Бислимовски.
Фев 21, 2023
Јавни и приватни средни училишта
Конкурс за стипендии на одлични ученици од Општина Дебрца
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
Фев 21, 2023
Јавни и приватни универзитети и високообразовни установи
Општина Дебрца објави конкурс за стипендии на студенти на додипломски студии
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.
Фев 21, 2023
Седница на совет
Изгласани 8 унапредувања и 14 вработувања во Општина Охрид
Поминаа на Совет измените на Планот за вработување во општина Охрид за 2023година. Измените предвидуваат 8 унапредувања и 14 нови вработувања. За опозицијата планот е мегаломански. Од локалната власт најавија кратење на работни позиции во општината и нова систематизација. Вработувањата во општинската администрација како секогаш и на денешната седница беа причина за жестока дискусија и политички препукувања од советничката говорница.
Фев 21, 2023
Над месноста корита
Да се постават рампи за возила на патот Отешево-Охрид
Поставување рампи со кои ќе се спречува движењето на возила над месноста Корита на патниот правец преку Галичица е барањето на Националниот парк и Планинската спасителна служба до Јавното претпријатие за државни патишта. Потребата од физичка препрека на патот доаѓа како последица на низата интервенции на извлекување заглавени возила изминатиов период и несовесноста на граѓаните покрај апелот за некористење на истиот.
Фев 21, 2023
Струшки музеј „Доктор Никола Незлобински“
Заштитена од пропаѓање музејска збирка птици
Заштитен од пропаѓање превезанот којшто живее на Охридското езеро. За да се зачуваат изложните експонати потребно е целосно реновирање или дислокација на музејот, предлага препараторот на животни кој се грижи за музејската природонаучна збирка.
