Skip to main content
Фев 15, 2023
Територијална противпожарна единица
Противпожарната единица во Охрид фукционира со возила стари 30 години. Најстарото теренско возило е од 1980 година. ТППЕ се соочува и со недостиг на пожарникари. Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски вели сите возила се технички исправни, успеваат навремено да одговорат на задачите, но сепак е доста тешко да се одржува старата опрема.

Фев 15, 2023
Архивистика
Охридскиот историски архив започна со дигитализација на архивскиот фонд на Струшките Вечери на Поезијата. Богатиот архивски материјал брои 50 архивски кутии и се однесува на фестивалските изданија во периодот од 1963та до 1990 година. Ваквиот процес на дигитализација, покрај зачување на досегашната светска традиција на фестивалот претставува негова поголема достапност до истражувачите, но и база за идни изложбени поставки.

Фев 15, 2023
Интернационален пица натпревар во Италија
Ќе користи Македонски производи како ајвар и пршки. Неговиот сон е да ги одмери своите вештини во правење модерна Наполитана или Контепоранија.

Фев 15, 2023
Реставрација на водотекот
Градоначалникот Зоран Ногачески, појасни дека дел од активностите на терен се веќе завршени, а останатите се во завршна фаза, кога станува збор за трасата во рамки на Општина Дебрца.

Фев 15, 2023
Редовна седница
Пецаков нагласи дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти, особено во руралните средини, бидејќи тие имаат лимитирани средства и не се во иста состојба како поголемите општини од Регионот.

Фев 15, 2023
Надворешна политика
Oд Македонец и заштитник на Македонија до „осознаен Б’лгарин”.

цени
Фев 15, 2023
Пресметки на сојузот на синдикати
Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.

Фев 15, 2023
Граѓаните да аплицираат до крајот на месецот
Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб- страната на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.

Фев 15, 2023
Временска прогноза
Утре максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.