Дек 22, 2022
Сметки по електронски пат
ЈП Охридски Комуналец Ви ја нуди услугата е-фактура
Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Дек 22, 2022
Долг од над три милиони евра
Струшката болница функционира непречено и покрај милионските долгови
Струшката болница и покрај милионските долгови непречно функционира. Изминатава година зголемен е бројот на пациенти, оперативни зафати и интервенции на сите оддели. Од менаџментот велат се штеди електрична и топлинска енергија и се враќаат долгови.
Дек 22, 2022
Седница на совет
Буџетот на Општина Охрид за 2023 тежок 640 милиони денари
Буџетот на Општина Охрид за 2023 година тежок околу 640 милиони денари или 10,5 милиони евра. За позицијата во градскиот совет тој е развоен и реален, а според опозицијата има намалување во однос на нацрт верзијата. Граѓаните и во 2023 не можат да очекуваат реализација на поголемите ветени проекти.
Дек 22, 2022
Локална манифестација
Силен одѕив за настанот Купувај локално
Да се зачува традицијата која не е величење на пепелта туку одржување на огнот, е пораката од „Купувај локално“.Настанот е во рамки на проектот на Локалната самоуправа, а го организираше Студентското собрание при ФТУ. Манифестацијата која се одржа во факултетот наиде на голем одѕив кај локалните производители кои се борат да ги зачуваат традиционалните производи но и кај граѓаните.
Дек 22, 2022
Слатка среќа
Хуманитарна акција на охридските гимназијалци
Собирната акција трае до 26-ти декември, а кутиите за донации се поставени на влезот од охридската гимназија.
Дек 22, 2022
International youth math challenge
Грст медали за учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на натпревар по математика
Одлични резултати на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на меѓународниот натпревар по математика „International Youth Math Challenge“.
Дек 22, 2022
Свр охрид
Кривична за уште еден охриѓанец поради узурпација на недвижности
Охриѓанец доби кривична пријава поради тоа што неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро поставил лежалки и чадори за сонце.
Дек 22, 2022
Незаконит риболов
Охриѓанец фатен со рибарска мрежа и незаконски уловена риба
35-годишен охриѓанец е фатен со рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња незаконски уловена риба плашица.
Дек 22, 2022
Охрид и струга
Тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст
Во Клубовите на млади при Црвен крст Охрид и Црвен крст Струга изминатиот викенд се одржа тренинг за врснички едукатори.