Јан 12, 2023
Капитален проект вреден 47 милиони денари
Мицкоски : Ќе почне изградбата на плоштадот Крушевска Република
Мицкоски најави дека ќе започне изградбата на плоштадот „Крушевска Република”, капитален проект вреден 47 милиони денари.
Јан 12, 2023
Поема коњски житија
Зоран Анчевски добитник на наградата Григор Прличев
Од 11-те пристигнати на Конкурсот распишан од НУ Центар за култура „Григор Прличев“, жири комисијата едногласно ја одбра поемата „Коњски житија“.
Јан 12, 2023
Вевчани ги чека гостите
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
СУРАТИТЕ се спремни за дефилето на 13-ти јануари. Бината е наместена и на 12-ти и 13-ти на сцена се МУЗИЧАРИТЕ, велат организаторите на Вевчанскиот карневал.
Јан 12, 2023
Онлајн плаќање
Електронска наплата на сметките и фактурите во Комуналец
Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Јан 11, 2023
Маж ги убил својата мајка и баба
Двојно убиство во центарот на Скопје
Двојно убиство се случило попладнево на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош. 40 годишен маж со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.
Јан 11, 2023
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Бројот на странски гости 55%, домашни 45% во првите 10 месеци
Од АППТ информираат дека 55% е бројот на странски туристи во првите 10 месеци во Македонија за 2022 година, 45% се домашните туристи.
Јан 11, 2023
Дигитална мапа за појасите на трска долж Охридското крајбрежје
Се работи за дигитална интерактивна мапа на која се обележани појасите на трска на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид).
Јан 11, 2023
Богојавление Водици -2023 година
Охрид подготвен за празникот Водици
На 19 јануари се очекуваат гости од земјава, а во помал број странски туристи. Скокачите по крстот може да се пријават во секоја парохиска црква, а за забавата на градскиот плоштад ќе се погрижи музичката група Чалгија саунд систем.
Јан 11, 2023
Измени во законот
Агенциите за недвижности предлагаат мерки за стимулирање на пазарот
За стимулирање на пазарот на недвижности потребни се измени во постојната законска регулатива. Агентите предлагаат да се укине забраната граѓаните од регионот и неевропските земји да може слободно да купуваат недвижнини во земјава. Постојните закони им овозможуваат само на жители на ЕУ и САД да купуваат недвижности, а граѓаните од регионот мора да бидат правни лица.