Јан 9, 2023
Негување на вера
Враништа единствено село во земјава со православна младина
Речиси сите деца од 5 до 15 години секоја недела се на богослужба во црквата, пеат црковни песни, самоиницијативно учат веронаука, патуваат низ цркви и манастири, организираат хуманитарни акции. Сторија на Соња Рилковска.
Јан 9, 2023
Автомобилска индустрија
Нема доволно обучен кадар за Костал
Оваа странска инвестиција од автомобилската индустрија во развојот се соочува и со инертноста на институциите на централно и локално ниво. Инвеститорите ги следат ефикасните процеси за работа, а од тоа зависи каде ќе вложуваат средства во нови проекти, напоменува генералниот менаџер на Костал Македонија од каде се најавуваат нови проекти за оваа година.
Јан 9, 2023
Василичарски карневал
Вевчани низ сатира ја пренесува критиката
Карневалската традиција во Вевчани и годинава продолжува со многу хумор и сатира низ маските кои се уште автентично ја пренесуваат критиката кон општествено политичките случувања од изминатата година. Традиционалниот маскембал е надополнет со културно-забавна програма која започнува на 12 јануари со македонските поп рок легенди. Годинешното издание необременето со ковид протоколи се очекува да го посетат голем број луѓе од регионот.
Јан 9, 2023
Свр билтен
Мајка фрлала со тврди предмети кон својот син
67-годишна жена од Охрид, по кратка расправија фрлала со тврди предмети и му нанела повреди на нејзиниот син, 45-годишен охриѓанец.
Јан 9, 2023
Државен завод за статистика
Трошоците на живот во 2022 се зголемиле за 14,2 отсто
Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%.
Јан 9, 2023
Ин мемориам
Почина актерката Катерина Крстева, позната како Мара Попара
Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата за актерката Катерина Крстева ќе биде дополнително објавена.
Јан 9, 2023
Јп нискоградба
Се поплочуваат краци од улици во Пештани
Поплочувањето се направи со бекатон плочи и опфати површина од 80 м2, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Јан 9, 2023
Теренски активности
Екипи на Водовод отстранија дефекти на повеќе улици
Отстранети беа дефекти во Рача и на улиците „Марко Цепенков“, „15-ти Корпус“, „Мите Богоески“, „Абас Емин“, Стив Наумов“ бр.37, „Гоце Делчев“.
Јан 9, 2023
Временска прогноза
Доаѓа студен бран и врнежи од снег
Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.