Ное 11, 2022
Улица сирма војвода
Малолетник каснат од куче скитник
Охриѓанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, информираат од СВР.
Ное 11, 2022
Минимално дозволена кота
Се намалува водостојот на Охридското езеро
Водостојот на Охридското Езеро се наближува до минимало дозволената кота. Според последните мерења денес е на 693,18 метри надморска височина или 8 см до критичната кота. Еколозите со години алармираат за штетите од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, но басенот и натаму се користи како хидроакумулација.
Ное 11, 2022
Дивоградби на брегот на охридското езеро
Активистите очекуваат нов поразителен извештај од УНЕСКО
Бројот на дивоградби на брегот на Охридското езеро наместо да се намалува расте. Активистите на 1-ви февруари очекуваат нов поразителен извештај од Унеско. Обвинуваат дека нема напредок во спроведувањето на препораките, изработен е само Стратегиски план за рехабилитација на Охридскиот регион. Од општина Охрид пак велат направен е голем исчекор, а има и видливи резултати.
Ное 11, 2022
Трагедија
Охриѓанец загина во сообраќајка кај Св. Еразмо
57-годишен охриѓанец загина во вчерашната тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Св. Еразмо. Повредени се 5 лица.
Ное 11, 2022
Запленети оружје и дронови
Уапсени четири лица осомничени за убиство
Во акција на МВР и „тигрите“ уапсени се четири лица кои се осомничени за убиство. Запленети се оружје и дронови.
Ное 11, 2022
Паркови и зеленило
Зелените површини се разубавуваат со виола
Овој цветен саден материјал е издржлив и отпорен на пониски температури, па ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период.
Ное 11, 2022
Јп охридски комуналец
Ќе се подигнува зелен отпад во Видобишта
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Ное 11, 2022
Мвр
Нови дојави за бомби во четири училишта
Денеска околу 9:30 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на електронската адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Ное 11, 2022
Општина охрид
Атмосферска канализација на ул. Марко Цепенков
Должината на линијата е околу 500 метри, а вредноста е околу 5.900.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.