Окт 27, 2022
Тирана албанија
Пецаков дел од 9-та Дримска конференција
На 9-та Дримска конференција која се одржа во Тирана, Албанија, присуствуваше и градоначалникот Кирил Пецаков.
Окт 27, 2022
Припремни активности
Ќе се асфалтира ул. Илија Смически во Лескоец
Согласно проектот предвидено е да се асфалтираат околу 300 метри со ширина од 3,5 метри, асфалтираната површина ќе биде околу 1000 м2.
Окт 27, 2022
Самит
Ohrid Blue Economy Summit
На 2-ри ноември, настанот почнува во 15 часот со обраќање на Градоначалникот на Охрид, а панелите траат до 19 часот.
Окт 26, 2022
Стоп за говорот на омраза
СВР реализира едукативен проект во ОЕМУЦ
Проектот што ќе се реализира во сите средни училишта на подрачјето на СВР Охрид е во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Окт 26, 2022
Сообраќајни контроли
Во Охрид 5 возила испратени на технички преглед
При сообраќајни контроли во Охрид, на вонреден технички преглед испратени се 5 возила, а едно возило имало неисправен уред за сопирање.
Окт 26, 2022
ОСУ Св. Климент Охридски
Гимназијалци се едуцираа за менталното здравје
Со проекција на едукативен краткометражен филм „ Депресија“, презентација на уметнички творби на тема Ментално здравје изработени од учениците и дискусии за справување со анксиозност и панични напади, Охридската Гимназија се приклучи кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на менталното здравје.
Окт 26, 2022
Проект „Нови можности за безбеден авантуристички туризам“
Подобрени условите за зимски туризам
Општините добија можности за економски развој. Со реализација на проект за прекугранична соработка со Албанија се формираа тимови за спасување на планина и вода , се набави современа опрема , возила за интервенции во зимски услови, се адаптираа објекти. Проектот го реализираше Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија .
Окт 26, 2022
Присуствуваат претставници на општина дебрца
Конференција за Дримски басен во Тирана
Темата на оваа конференција е „Меморандум на разбирање за управување со Проширениот прекуграничен Дримски басен“.
Окт 26, 2022
Јп водовод охрид
Нова водоводна линија на ул. Дејан Војвода
Улицата „Дејан Војвода“ во Охрид добива нова водоводна линија со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите.