Skip to main content
Мај 6, 2024
Странските туристички водичи им ја „крадат” работата на локалните водичи во земјава. Иако согласно  Законот за туризам, туристичките групи од странство во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните  приказни, странските агенции не го почитуваат.  Македонските водичи бараат засилени инспекциски контроли.

Мај 6, 2024
Претседателски и парламентарни избори 2024
Денеска е последниот ден од кампањата за вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори на 8 мај.

Фото Ѓоко Симјаноски Расцутени дрва кеј
Мај 6, 2024
УХМР
Во вторник, во Македонија, попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.

Свети Георгиј
Мај 6, 2024
Православен календар
Светиот Великомаченик, Христовиот војник, Георгиј се нарекува ‘Победоносец’, бидејќи тој, со своите славни чудеса, им донел безброј победи на Христијаните. Храбро пострадал за Христа, но се овенчал со венец на неовенлива слава и станал вечен военоначалник и победник во доброто.

Мај 3, 2024
Радожда посетена од голем број гости за празничниот период. Угостителите се подготвени, се очекува плодна туристичка сезона.

Мај 3, 2024
Денеска е Велики петок, најтажниот ден во годината, кога христијаните се сеќаваат на страдањето на Исус Христос. Верниците ги посетуваат црквите каде во молитва се подготвуваат за радосната вест за Воскресението на Спасителот.

Охрид паркинг
Мај 3, 2024
Влада
Одлуката на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Мај 3, 2024
Министерство за култура
Од Министерството за култура посочуваат дека по добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.