Skip to main content
Окт 18, 2022
Свечена церемонија
Охридската организација на Црвен Крст најдобар во Македонија. По 4-ти пат во нивни раце е пехарот како највисоко признание од Националната програма за промоција на хумани вредности. Младите волонтери од Охрид веќе 20 години се активни во оваа програма, носејќи ја униформата на Црвениот крст создаваат проекти и дела за добробит на заедницата и помош на оние на кои им е најпотребна. За нивната посветеност добија признание и честитки од Градоначалникот на Охрид и Генерален секретар на Црвен Крст на Македонија.

Окт 18, 2022
Презентирани резултатите
Здружението за истражувања и анализи го презентираше Извештајот за отвореноста на општинските буџетски процеси за 2021 година.

Окт 18, 2022
Две лица загинаа
За време на спуштањето на балонот, во кој имало 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани.

Окт 18, 2022
Развој на идеи за социјални претпријатија
Поради успехот и препознаениот потенцијал на социјалната економија за развој на регионот, проектот RISE покрај изминатите три, ќе работи со младите и во наредните три години.

Окт 18, 2022
ТППЕ Охрид
Пожарникарите предупредуваат да се чистат и вертикалните канали во колективните станбени згради , а не само на оџаците во индивидуалните куќи. Оваа грејна сезона многу од граѓаните се префрлија на греење со огревно дрво, а некористените оџаци се опасност од пожари.

Окт 18, 2022
Македонските аеродроми полека закрепнуваат од Ковид пандемијата. Првите девет месеци од годината завршија со 1.8 милиони патници. Како што информираат од ТАВ Македонија, зимскиот распоред на летови 2022/2023 година на двата македонски аеродрома ќе почне на крајот од октомври и според досегашните информации од авиокомпаниите, нема да има значителни промени во бројот на дестинации.

Окт 18, 2022
Јп нискоградба
Вредноста на проектот изнесува околу 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Окт 18, 2022
Шест пехари и триесет медали за „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец на таеквондо ИТФ турнир кој се одржа во Корча, соседна Албанија.

Окт 18, 2022
Здружение за истражувања и анализи
Денеска ќе биде презентиран Индексот на отвореност на општините во земјава, информираат од Здружението за истражувања и анализи.