Окт 7, 2022
Министерство за здравство
Нови 56 случаи на ковид во земјава
Направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на ковид во земјава, информираат од Министерството за здравство.
Окт 7, 2022
Eпицентрално подрачје валандово
Земјотрес од 3 степени денес во Македонија
Земјотрес со локална магнитуда од 3 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.
Окт 7, 2022
Состојбата со сметките е алармантна
Регулиран пазар на струја за спас на ЈП Водовод
Приближно 1 милион евра е сумата која треба да ја плати ЈП „Водовод“ Охрид за потрошена електрична енергија за последните три месеци. Директорот, Марјан Ристески на денешната седница на совет, достави информација за алармантната состојба во која се наоѓа претпријатието. Дел од советниците се задржаа на долгогодишните проблеми со кои се соочува ова претпријатие. Градоначалникот кажа дека во моментов е потребно решение кое брзо ќе даде ефект во олеснување на сериозната состојба во која се наоѓа Водовод, но и другите јавни претпријатија поради енергетската криза.
Окт 7, 2022
Пронајдена дрога
Приведен дилер на ул. Васил Стефоски
Охриѓанец фатен со 15 пакувања кафеава прашкаста материја. Дополнително во неговиот дом, полицијата пронајде уште 20 пакувања со кокаин.
Окт 7, 2022
Физичка пресметка
Тепачка пред локал на кеј Македонија во Охрид
Физичка пресметка помеѓу охриѓанец и жител на селото Волино, пред угостителски објект на кеј Македонија во центарот на Охрид.
Окт 7, 2022
Енергетска криза
Струшките училишта бараат скратени часови
Струшките училишта поднесоа барање до општината за скратување на училишните часови. Наместо стандардни 45 минути, училишниот час да трае 35. Сметаат дека на тој начин ќе се скрати училишниот ден и ќе се заштеди нафта и електрична енергија.
Окт 7, 2022
Протести
Протест против клубот Цар Борис Трети во Охрид
Во Македонија нема место за фашисти, порачаа граѓаните. Претседателот Блажески, пак не гледа ништо лошо што клубот го носи името „Цар Борис Трети“.
Окт 7, 2022
Градежни активности
Резервоари за вода во Свиништа и Лакочереј
По овие активности се очекува подобрување на системот за водоснабдување и поквалитетно приклучување кон системот за вода на сите домаќинства од овие селски средини.
Окт 7, 2022
Конзерватоско реставраторски активности
Се реставрира фрескоживописот во црквата Св. Богородица
Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските.