Skip to main content
Окт 4, 2022
Ден пред одбележувањето на народното востание против фашистичкиот окупатор, на 7 октомври во Охрид ќе се отвори бугарски културен центар „Цар Борис Трети“. Ова предизвика бурни реакции во јавноста. Граѓаните сметаат дека станува збор за уште една бугарска провокација.

Окт 4, 2022
И покрај енергетската криза образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство. Според министерот за образование може да има реорганизации, но засега се отфрлува онлајн настава. Се бараат алтернативни решенија и за надминување на проблемите во училиштата со лоша инфраструктура.

Окт 4, 2022
Го оштетил буџетот за околу 1.5 милиони евра
Покренато обвинение за Мухамед Зеќири. Се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра. Парите завршиле во приватни фирми.

Окт 4, 2022
УСАИД
Од Охрид стартува одбележувањето на 30 години партнерство помеѓу УСАИД и Северна Македонија. Од УСАИД ќе посетат 8 големи градови во земјава

Окт 4, 2022
Сточарство
По литар добија 3,5 денари за кравјо млеко и 4,5 денари за овчо и козјо млеко. Државата обезбеди финансиска поддршка за ублажување на загубите на млекопроизводителите за периодот од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година.

Окт 4, 2022
Општина охрид
Седумнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид е закажана во 9 часот, а осумнаесеттата започнува во 12 часот.

Окт 4, 2022
Семејно насилство
46-годишен охриѓанец физички ја нападнал сопругата во нивниот дом. Од СВР информираат дека лицето е лишено од слобода.

Окт 4, 2022
Осум лица во тешка состојба
Како што соопштија од ВМА, пациентите печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се обични.

Окт 4, 2022
Едно лице загина
Локалните медиуми јавија дека на местото на несреќата се неколку противпожарни екипи и возила на брза помош.