Skip to main content
Окт 21, 2023
Kонгрес на ICAR (International Commission for Mountain Rescue)
Оваа година на конгресот учествуваат повеќе од 600 учесници, припадници на службите за планинско спасување од целиот свет, како и претставници од најпознатите производители на опрема, возила и воздухоплови за спасување.

Окт 21, 2023
Енергетска криза
Драстично намалена побарувачката за огревно дрво во охридскиот регион. И покрај високите сметки за електрична енергија, голем дел од граѓаните веќе ги заменаа печките на дрва, па се греат на струја.

Окт 21, 2023
Безбедносни предизвици
Институциите и безбедносно разузнавачките служби будно го следат развојот на состојбата на Блискиот Исток и војната во Украина и разменуваат информации во рамки на НАТО алијансата, уверува министерката. Врховниот командант на вооружените сили, претседателот Пендаровски, пак, најави свикување на Советот за безбедност.

Окт 21, 2023
УХМР
До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

Окт 20, 2023
Колекторски систем
Се ослободуваат од обврска Општините Охрид и Струга што понатака ќе доведе до деблокирање на нивните сметки и можност за нивно нормално работење.

Окт 20, 2023
23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Како дел од чествувањата по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирана книгата „За Македонистиката отворено“ од авторите Свето Стаменов и Димитар Пандев, која е издадена под покровителство на Општина Охрид.

Окт 20, 2023
Недела на борба против гладта
Акцијата „Недела на борба против гладта“ продолжува. Во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.

Окт 20, 2023
Регионален зелен центар Охрид
Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.