Авг 23, 2022
Пет починати лица
Нови 429 случаи на ковид во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1284 тестови, регистрирани се нови 429 случаи на ковид 19.
Авг 23, 2022
Градежно земјиште
Пецаков : Цената со Уредба ја утврдува Владата
Цената по метар квадратен, ја утврдува Владата со Уредба за висина на цената на градежното земјиште во сопственост на РМ, вели Пецаков.
Авг 23, 2022
Територија на општина охрид
СДСМ реагира на Предлог одлуката за градежно земјиште
Со реакција на Предлог програмата за располагање со градежно земјиште во државна сопственост на територија на Општина Охрид се огласија и од СДСМ. Градоначалникот Пецаков по вторпат пред советниците на општина Охрид им предлага да усвојат програма со која ќе им дадат право и можност да отуѓи дел од градежното земјиште лоцирано во просторот на поранешната касарна, стои во соопштението.
Авг 23, 2022
Општина охрид
Започнуваат подготовките за охридскиот маратон
На состанокот се разговараше околу прецизирање, распределба на обврските и за формирање на организационен одбор со цел успешна организација на охридскиот пливачки маратон.
Авг 23, 2022
Изложба
Животот во струшка Малесија низ фотографии
Животот во струшка Малесија пред еден век, прикажан преку изложба на фотографии. Некогаш живи села со над 1000 жители денес целосно раселени и пусти. Целта на изложбата во организација на Центарот за култура Струга е да се овековечи културата и традицијата на селата во изумирање.
Авг 23, 2022
Социјална заштита
Уписи во охридската градинка
Интересот за сместување на децата во градинка и во јасли е постојано во пораст. За прием на децата во градинката решава Комисија за да обезбеди место за над 860 дечиња.
Авг 23, 2022
Граничен премин свети наум
Спречен шверц на охридска белвица
66-годишниот државјанин на Албанија на граничниот премин „Св.Наум“ бил фатен при обид да прошверцува 14 килограми охридска белвица.
Авг 23, 2022
Од крајот на октомври до крајот на март
Бритиш ервејс откажа 10 000 зимски летови
Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата.
Авг 23, 2022
Девет пакувања со бела прашкаста материја
Пронајдена дрога во Охрид
Приведени две лица во Охрид, кај кои полицијата пронајде едно кесе со девет пакувања со бела прашкаста материја.