Авг 2, 2022
Ајман ал завахири
Убиен лидерот на Ал Каеда
Тежок удар за терористичката мрежа: нејзиниот водач Ајман ал Завахири е убиен во напад со дрон во Авганистан, како што лично објави американскиот претседател Џо Бајден.
Авг 1, 2022
Интензивни контроли
Казни за пукање на семејни веселби
И пиротехниката и огнометите задолжително треба да се пријават во полиција. За сите кои не го почитуваат законот ќе следат казни.
Авг 1, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Поскапува дизелот
Цената на дизелот вечерва од полноќ се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари, одлучи Регулаторната комисија.
Авг 1, 2022
Поранешна министерка за надворешни работи
Почина Илинка Митрева
На 72 години почина Илинка Митрева, која остави неизбришлива трага во македонската дипломатија како министерка за надворешни работи.
Авг 1, 2022
Квалитетно водоснабдување
Нова водоводна линија на ул. Карпош Војвода
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Локалната самоуправа на Општина Охрид, велат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Авг 1, 2022
Туризам
Туристичките водичи задоволни од сезоната
Туристичките водичи задоволни од летната сезона. Се вратија организираните странски групи од Холандија, Англија, Полска, Турција, Литванија, Чешка и Израел, кои ова лето ги запознаваат културно-историските убавини на Охрид. Најпосетуваниот туристички локалитет е Музејот на вода во Градиште.
Авг 1, 2022
Фестивал Охридско лето
Кротењето на опаката со Украински актери
Украинските актери најавуваат современа Шекспирова интерпретација која никого нема да остави рамнодушен. Нивното гостувањето на Охридско лето е прв сценски настап од почетокот на војната во нивната земја.
Авг 1, 2022
Финансиска поддршка
По 5000 денари ќе добијат првачињата во Дебрца
Покрај финансиската поддршка од општината и оваа година Фондацијата „Капинков”, на Драган Капинков, кој живее и работи во Перт, Австралија за секое прваче во ООУ „Дебрца“ ќе обезбеди комплет училишен прибор.
Авг 1, 2022
43-то издание на Илинденски пливчки маратон
На вообичаената патека Горица-Охрид, утре стартува Малиот илинденски пливачки маратон. Најавено е учество на 44 натпреварувачи. Маратонот е во организација на пливачки клуб Охридски бранови, а поддржан од Општина Охрид.