Skip to main content
Јул 21, 2022
Судска постапка
Две охриѓанки после десеттина години водење постапка пред македонските судови добија пресуда од Судот за човекови права во Стразбур дека од домашниот правосуден систем не добиле фер и правично судење. Првостепената пресудата која Основниот Суд Струга ја донел во корист на тужителките неколку пати била укинувана и преиначувана од Апелацијата во Битола. Европскиот суд утврдил дека со последната пресуда на битолска апелација е повредено нивното право и сега ќе има повторување на постапката при што државата има задолжение да го имплементира ставот на судот во Стразбур.

Јул 21, 2022
Заеднички регионален пазар
Претседателите на стопанските комори на Македонија и Србија, Бранко Азески и Марко Чадеж денес во посета на „Костал Македонија“ во Охрид. Од Коморскиот инвестициски форум велат дека се единствена институција која ги обединува интересите на приватниот капитал на Западен Балкан.

Јул 21, 2022
Економија
Извозот на пелети е ограничен и запрен од околните земји. Од друга страна македонските фабрики се без суровини. Купувачите и трговците се во исчекување да се стабилизира пазарот со овој енергенс

Јул 21, 2022
Отпадот да се фрла на соодветно место
Апел до мештаните и посетителите на селото Љубаништа, отпадот да го фрлаат на соодветно место во поставените 5 контејнери.

Јул 21, 2022
Европски универзитетски игри
На игрите се пријавени 5.000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови, меѓу кои е и каратето.

Јул 21, 2022
Донесени повеќе одлуки
Од 63-тата седница на Владата: Забранет извоз на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината, донесени препораки за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица.

Јул 21, 2022
Италијански премиер
Марио Драги, италијанскиот премиер ја поднел оставката кај претседателот Серџо Матарела за време на утринскиот состанок на 21 јули.

Јул 21, 2022
Summer Comedy Marathon
The Best of Stand Up-Summer Comedy Marathon 2022, утревечер во Џез Ин со почеток во 20 часот. Влезот ќе чини 250 денари.

Јул 21, 2022
Управа за хидрометеоролошки работи
Од денес до недела територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза, информираат од УХМР.