Skip to main content
Мар 21, 2024
Економската криза и порастот на цените на основните производи го зголемува бројот на социјално ранливи лица. . Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани лица  и самохраните родители. Голем дел од социјално ранливите, секојдневно се борат со глад а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.

Мар 21, 2024
Расте интересот за велсање. Со  формирањето на новиот веслачки клуб „Горица ремо“ веслачите  повторно ги брануваат  езерските води. Тренерите велат во училиштата, физичкото воспитување треба да биде број еден предмет, не да служи за „губење време”. Само со правилен раст и развој на децата ќе имаме успешна нација. 

Мар 21, 2024
Под мотото „Сите треба да имаме едно дрво“ денес на плоштадот во Охрид Здружението Харвест Кооператив делеше фиданки од даб, багрем и бука на граѓаните со цел истите да ги посадат во своите дворови. Во акцијата „Фестивал на дрвја“ вклучени се и голем број училишта од целата држава кои ќе засадат млади фиданки во училишните дворови и ќе се грижат за нив. Акцијата за засадување дрвја ќе трае цела година и секој кошто сака може да донира средства на Здружението за набавка на садници.

Мар 21, 2024
Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа закажаното рочиште од процесот што се води по предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Н асудењето не се појави еден од обинетите и двајца од светоците кои требаше да дадат исказ. Наредното рочиште е закажано за 16 ти април

Мар 21, 2024
Струшки вечери на поезијата
Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 22 до 26 август.

Трска Струга Калишта
Мар 21, 2024
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

Народен театар Охрид - Несфатената цивилизација
Мар 21, 2024
Народен театар Охрид
Комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

sdsm ohrid
Мар 21, 2024
Реакција од ОО на СДСМ Охрид
„Ги предаде ли Китески документите за двајца сопружници во општината кои заеднички се потпишуваат на документи “изработил и одобрил” одобрение за градба?!“-прашуваат од СДСМ.