Skip to main content
Јун 30, 2022
Апел
ЈП „Водовод“ Охрид упатува апел до сите корисници да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на земјоделските насади.

Јун 30, 2022
Покачување на плати во јавен сектор
ССМ не отстапува од барањето за зголемување на платите во јавниот сектор. Велат притисокот од инфлацијата и поскапувањето на сите производи, енергенси, деривати ја обезвредни платата на работниците. Работникот не може да преживее со минимална плата од 18.000 денари. Минималната синдикална потрошувачка кошница во кризата месечно се зголемува за 1.300 денари.

Јун 30, 2022
Пожар
Градежните зафати во центарот и несоодветно паркираните возила го отежнаа пристапот на екипата на противпожарната единица до локацијата.

Јун 30, 2022
Чартер летови
Туристи од Израел повторно организирано ќе доаѓаат во Охрид. Во месеците јули и август се обновува авио конекцијата Тел Авив–Охрид, се очекуваат по два чартери неделно. Израелците важат за пребирливи туристи, но и вљубеници во Охрид. Заинтересирани се за културно историските знаменитости, црквите, историјата и природните убавини.

Јун 30, 2022
Известување
Жителите на ул. „Гоце Делчев“ утре неколку часа без вода. Од „Дрвара“ до авто кампот „Андон Дуков“ со сите споредни улици во Воска и Далјан.

Јун 30, 2022
Строг центар на градот
Околу 11 часот и 30 минути избил пожар во куќа во центарот на Охрид. Во текот на денов се очекуваат повеќе информации.

Јун 30, 2022
Широки Бријег
Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина. Според првите информации, магнитудата била 4,8 степени, пишува EMSC.

Јун 30, 2022
Јавен оглас
Општина Охрид објавува Јавен Оглас за добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници.

Јун 30, 2022
Брег на охридско езеро
Пронајдени две стари гранати кај Калишта. Подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.