Јул 10, 2025
УХМР
Денес сончево и посвежо со температури до 25 степени Целзиусови
Минималните температури во Охрид од 11, а максималните до 25 степени Целзиусови.
Јул 9, 2025
општина охрид
Повик за организирање јавна анкета и јавнa презентација за Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1
Јавната анкета ќе трае од 24.07.2025 до 25.08.2025 год. Во времетраење на јавната анкета стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12 до 14 часот во просториите на Општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози, забелешки и мислења можат да ги достават на анкетни листови во хартиена форма или електронска форма додека трае јавната анкета.
Јул 9, 2025
општина охрид
Јавен оглас за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз – градска линија 1 и 2
Општина Охрид објави Јавен оглас за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз – градска линија 1 и 2.
Јул 9, 2025
општина охрид
Објавен списокот на граѓани кои добија субвенции за набавка на инвертер клими
Објавен списокот на граѓани кои аплицираа на јавниот повик и добија субвенции за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клими.
Јул 9, 2025
Млади охридски музички надежи како предвесници на 65то издание на фестивалот Охридско лето
Mладите охридски музичарки Ана Кузманоска (клавир), Лина Николеска (виолина) и Антица Николоска (виолина), ќе имаaт свое деби во рамките на програмата „Подиум на млади“ организирано од Музичката младина на Македонија, како предвесник на 65-тото издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“. Настапот е закажан за 11 јули 2025 година, со почеток во 20:30 часот, во магичниот амбиент на црквата „Св. Софија“.
Јул 9, 2025
СВР Охрид
„Носи кацига“, превентивна активност на СВР Охрид
Целта е јакнење на свеста кај учесниците во сообраќајот за внимателно и одговорно управување со овие средства во сообраќајот.
Јул 9, 2025
На Петровден ќе се одржи традиционалната староградска пловидба „Ој љубов, љубов“
Збирното место на сите пловни објекти е плажата Канео од 17:30 часот. Во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно на Старото пристаниште – Островче.
Јул 9, 2025
ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид
Во охридската гимназија одржана Летна школа за архитектура
Изминатите денови ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид беше домаќин на дел од активностите на Летна Школа за Архитектура (2025) со студенти и тутори од Словенија