Јун 14, 2022
Охридска архиепископија
МПЦ на чекор до добивање томос за автокефалност
После вчерашниот историски настан во Контантинополската архиепископија МПЦ е на чекор до добивањето нa томос за целосна автокефалност. Според аналитичарите, кои се дел од Европската конференција за религиски дијалог што се одржува во Струга, сеуште не се знае какво ќе биде името на МПЦ – ОА во него.
Јун 14, 2022
Второ издание
Преспа форум за дијалог 2022 во Охрид
Учесниците ќе имаат можност со своите дискусии и предлози да стават личен печат за зајакнување на стабилноста на регионот на Западен Балкан.
Јун 14, 2022
Прехранбени производи
Владата повторно ги замрзна маржите
Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи. Министерот Бектеши подвлече дека ваквата одлука се носи откако трговците ги зголемија цените на производите и најави дека доколку се констатира нагло зголемување и кај други производи, ќе се зголеми листата на производи со замрзната маржа.
Јун 14, 2022
Ти си твојот град
Узурпиран тротоар, бучава и метеж на ул. Никола Карев
Узурпиран тротоар, бучава и метеж на ул. Никола Карев во близина на музичкото училиште. Жителите бараат помош од надлежните.
Јун 14, 2022
Пет дена меѓународен натпревар Охридски бисери
Започнува 21вото издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“. Седумдесетина млади уметници од 16 држави ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина, пијано и камерна музика.
Јун 14, 2022
Несоодветна реставрација
Нарушена автентичноста на старото градско јадро
Мора да отпочне спроведувањето на препораките на Унеско во однос на старото градско јадро во Охрид, апелираат експертите. Ќе треба да се отстрани се што го нарушува амбиентот, клими, соларни системи, антени. Потребна е едукација за користење на старите техники за градење кои треба да се користат при реставрација на споменичните добра.
Јун 14, 2022
Продажба на храна и сувенири
Се издава урбана опрема во нас. Пештани
Објавен Оглас за издавање на урбана опрема за комерцијално користење, за продажба на храна и сувенири во населба Пештани.
Јун 14, 2022
Безбедност на вода
Мал број спасители на охридските плажи
Спасители ќе има на плажите пред хотелите. Грижата за безбедни капалишта без концесионери би требало да ја преземе општината со ангажирање на патролна служба спасители.
Јун 14, 2022
Пештерна црква
Вечерва и утре се слави Свети Еразмо
Вечерва сите патишта водат кон Свети Еразмо. Црквата посветена на Св. Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон Струга.