Јун 1, 2022
Забрана за моторен сообраќај
Времен режим на сообраќај на ул. Кеј Македонија
Од утре се воведува нов времен режим на сообраќај на улицата „Кеј Македонија“, информираат од Локалната самоуправа.
Јун 1, 2022
Семејно насилство
Охриѓанец физички ја нападнал својата сопруга
Охриѓанец во својот дом физички ја нападнал својата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јун 1, 2022
Сместувачки капацитети
Недостасуваат сместувачки капацитети
Во струшко недостигаат современи хотелски капацитети. Потребни се зелени еко инвестиции за привлекување и сместување што поголем број туристи. Мал е брoјот и на категоризирани луксузни апартмани во приватното сместување во струшко.
Јун 1, 2022
Здравство
Зголемен број карциноми и мозочни удари
Во пост ковид периодот зголемен бројот на мозочни удари и карциноми на подрачјето на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани. Лекарите велат забележителни се и минливи пост ковид компликации како воспаление на срцевиот мускул и градна болка кои се лекуваат со лесна терапија. Лабуништа беше едно од првите села погодено од пандемијата, каде е излекуван најстариот ковид пациент со билатерална пневмонија.
Јун 1, 2022
Синдикат
Синдикатот бара недела неработен ден
Сојузот на Синдикатите на Македонија бара повлекување на предлог измените недела да се врати во работен ден. Синдикалците бараат Собранието да не ги гласа законските измени. В петок ќе се разгледува можноста за стапување на синдикатот во генерален штрајк.
Јун 1, 2022
Анкета
Какви плажи сакате?
Анкетата е анонимна, а резултатите од истата ќе бидат јавно презентирани во најновото издание на емисијата Прашалник.
Јун 1, 2022
Да кликнам од среќа
По 100 евра помош од државата за младите во Србија
Под слоганот „Да кликнам од среќа“, имаа можност да аплицираат за помош од 100 евра граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години.
Јун 1, 2022
Известување
Одложен Собирот за избор на МЗ во Трпејца и Косел
Изборот на Совет на месна заедница за овие две населени места ќе се изврши по истекот на мандатот на сегашиот состав.
Јун 1, 2022
Дипломи и признанија
Најдобри млади математичари од Охрид
Доделени дипломи и признанија од страна на градоначалникот Кирил Пецаков на најдобрите млади математичари од Охрид.