Skip to main content
Мај 30, 2022
Прекршочни платни налози
Казнети се 4 возачи на мопеди и моторцикли во Охрид, поради некористење заштитен шлем-кацига за време на управувањето.

Мај 30, 2022
Ракомет
Горан Андоновски е нов тренер на ГРК Охрид. Тој потпиша двегодишен договор со клубот. Помошник тренер ќе биде Наум Бабачев.

Мај 30, 2022
Физички напад
35-годишен жител на Куратица бил нападнат од 38-годишник од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мај 30, 2022
ЈП охридски комуналец
И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони-Цветен Охрид“. Во рамки на проектот ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе.

Мај 30, 2022
Меч рејс куп охрид 2022
Победник на првата етапа е тимот од „Акватика Јахтинг“, во состав Стефан Ставрев, Марко Пројчески и Евгенија Огненова.

Мај 30, 2022
Засилени сообраќајни контроли
Полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Во Охрид казнети се 10 возачи, 2 во Струга.

Мај 30, 2022
Кривична пријава
Во домот на 35-годишен жител на Долно Лакочереј е пронајдена марихуана. Против него е поднесена кривична пријава.

Мај 30, 2022
Екологија
До редакцијата на ТВМ Пристигна допис од Месната заедница на Селото Вишни, во врска со големиот број проблеми со кои се соочуваат вишненци.

Мај 30, 2022
Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на корисниците на улиците „Петар Поп Арсов”, „Ирена Мирка Гинова” и дел од село Велгошти.