Мај 26, 2022
Пригодна свеченост
ООУ Братство Единство го одбележа патрониот празник
ООУ „Братство Единство“ Охрид со пригодна свеченост го одбележа патрониот празник. Во училишниот двор беа реализирани низа спортски и забавни содржини во кои беа вклучени ученици од оделенска и предметна настава. На најуспешните ученици кои покажале врвни резултати во наставата и на натпревари им беа доделени награди.
Мај 26, 2022
Југозападен регион
Граѓаните најмногу се жалат на правосудството
Граѓаните од Југозападниот регион за три месеци од почетокот на годинава доставиле до правобранителот од подрачната канцеларија во Кичево дури 90 претставки. Најмногу проблеми имаат со правосудството и обвинителството. Граѓаните бараат помош од правобранител и во тек на постапките, но најчесто на институцијата омбудсман гледаат како на последна надеж за заштита на нивните права. Во канцеларијата на народниот правобранител формиран е и посебен тим за проблемите на граѓаните со извршителите.
Мај 26, 2022
Колекторски систем
Пречистителна станица ќе се гради во Радожда
Со пречистителна станица во Радожда ќе се заокружи колекторскиот систем од струшка страна на Охридското Езеро. Ќе се намали загадувањето на езерото, како клучна препорака на Унеско. Владата лани во февруари, побара овој проект да биде приоритет, но изградбата се` уште не е започната.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина
Министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи на 7 март во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден пред инвазијата купило гориво од руска компанија во земјата, поточно „ЛукОил“, пишува Порталб.мк.
Мај 26, 2022
Литература
Поетот Валерио Орлиќ на турнеја низ регионов
Неговата посета на Охрид, Валерио ја искорсти да го промовира неговото творештво пред љубителите на пишаниот збор.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Сцена од филм од 2017, невистинито претставена како од инвазијата во Украина
Видео материјалот всушност е клип од филм снимен во 2017 година, а не украински војници кои заминуваат во војна. Видеото потекнува од филмот „The War of Chimeras”. Филмот ја документира приказната за млад брачен пар за време на битката кај Иловајск, која се одвиваше во 2014 година во близина на Доњецк, Украина.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Нема докази дека загинала првата жена борбен пилот во Украина
Ниту украинската војска ниту официјалните органи на Украина немаат споменато ништо за смрт на жена пилот. Официјалните медиуми, исто така, немаат споменато дека загинала првата жена борбен пилот во Украина. Нашата проверка покажа дека на фотографиите, кои се споделени со оваа непотврдена информација, се две девојки кои не се борбени пилоти. Едната е Олга Петровна, воено лице во украинската армија, а другата, пак, е Наташа Пераков, но таа е фотомодел или рекламира облека за продажба на интернет.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Видео од телевизиска серија злоупотребено против Зеленски
Видеото кое е споделено и за кое се вели дека е од претседателска кампања на Зеленски е всушност од телевизиска серија во која тој бил глумец, четири години пред да стане претседател. Видеото нема поврзаност со реалноста на политичките избори во Украина за претседател и истото не било користено во претседателската кампања.
Мај 26, 2022
Таеквондо
ХВА РАНГ ИТФ ќе учествува на силен турнир во БиХ
„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец, Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“ кој ќе се одржи викендов во Босна и Херцеговина.