Skip to main content
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Руското министерство за одбрана објави дека украински војници го положувале оружјето, повикувајќи се на разузнавачки информации. Но, ваквите информации ги демантираат украинските проверувачи на факти. Веста за масовно положување на оружјето од страна на украинските војници е лажна. Такво нешто немало, украинската војска продолжува да се спротивставува на руските напади.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Како што пишува „Ројтерс“, видеото е лажно поврзано со кризата во Украина и е дел од руско шоу со авиони од 2020 година.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот претседател „комичар“ се класично извртување на вистината и спинови. Ниту Зеленски е „комичар“, напротив, тој е дипл. економист, ниту Украина била пасивна и не се обидела да ја спречи војната.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон име е забрането да учествуваат во војни надвор од Косово, а Министерството за надворешни работи на Косово потврди дека ниту еден нејзин граѓанин не отишол да се бори за Украина, пишува Порталб.мк.

Мај 22, 2022
Наспроти тврдењата на баздникин
Амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, тврди дека приоритетот на Русија не е конфронтација, туку обезбедување безбедност и услови за спокоен, просперитетен развој на земјата во мирни услови. Но, фактите го говорат спротивното – Русија официјално призна постоење на две сепаратистички републики на територијата на Украина, што е директно мешање во внатрешните работи на државата. Со ова, се кршат основите на меѓународното право и принципи, бидејќи признавањето на овие две сепаратистички републики, а потоа и испраќањето воени сили во нив се поткопува интегритетот и владеењето на Украина на своите територии признаени од ОН и државите во светот.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Тимот на проверувачи на факти „Reality Check“ на британскиот државен радиодифузер Би-Би-Си го анализираше долгото полноќно обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, откако нареди руски војници да влезат во двата бунтовни региони во источна Украина, во Донецката и во Луганската област, а претходно ги призна самонаречените „Донецка народна република“ и „Луганска народна република“ како држави.

Мај 22, 2022
Чествување ден на сесловенските просветители
Од печат излезе книгата за Светите браќа Кирил и Методиј, во издание на Општина Охрид, а ја уредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Мај 22, 2022
Општина охрид
Се известува јавноста дека е поништен Јавниот повик за субвенционирање на општински линиски превоз и неговата измена.

Мај 22, 2022
Работниците ќе добијат 100% поголема дневница
Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо.