Skip to main content
Апр 15, 2022
Општина Охрид
Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Апр 15, 2022
Соработка
Високи австриски функционери беа во посета на Општина Охрид. Остварија средба со градоначалникот Кирил Пецаков и разговараа за продлабочување на соработката во повеќе области.

Апр 15, 2022
Превоз во патниот сообраќај
Такси возилата во Охрид отсега ќе треба да бидат означени со регистарска таблица во жолта боја, информираат од Општина Охрид.

Апр 15, 2022
Локална самоуправа
Општина Охрид ја информира јавноста дека се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди.

Апр 15, 2022
Христијански празник
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е Лазарова сабота. Како еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус, Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

Апр 14, 2022
Рурален развој
Забрзано се привршуваат започнатите проекти, а се работи и на детектирање на нови приоритетни потреби на жителите кои ќе се реализираат оваа и следната година. Општината чекори кон зацртаната цел да биде препознатлива природна и културна дестинација во регионот.

Апр 14, 2022
Кривична пријава
ОВР Струга поднесе кривична пријава против жител на струшкото село Радолишта кој физички нападнал албански државјанин и го лишил од слобода.

Апр 14, 2022
Домашно производство
70% од земјоделските површини во регионот се необработена почва. Во време на инфлација која е во постојан раст, клучно е да се свртиме кон свое домашно производство. Граѓаните кои се во можност да почнат сами, барем за себе да произведуваат храна. На тој начин ќе ја избегнат високата цена на пазарите, порачуваат земјоделците.

Апр 14, 2022
Градски гробишта
Од СВР Охрид информираат дека на Градските гробишта во Струга е извршено сквернавење на гроб. Сторителот сеуште не е пронајден.