Skip to main content
Баталјон Мирче Ацев
Авг 18, 2023
Ден на АРМ
По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот кој бил првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ, е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).

Летна школа МСМЈЛК
Авг 18, 2023
Денеска со почеток во 12 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид свеченото отворање на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следува промоција на зборник.

Езеро
Авг 18, 2023
УХМР
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови во Македонија времето ќе биде многу топло.

Гастрономска карта
Авг 17, 2023
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Илустрираната гастрономска карта ги мапира традиционалните јадења во регионите. Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите 8 плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион.

Момчило Јорданоски
Авг 17, 2023
Жителите на улицата „Момчило Јорданоски“ бараат од надлежните зголемување на безбедноста во сообраќајот за нивните деца и за нив. 150 граѓани од овој дел од градот потпишале петиција. Велат дека доколку не бидат ислушани, ќе ја блокираат улицата во знак на протест.

депонија
Авг 17, 2023
ЈП Охридски Комуналец
Од јавното претпријатие постојано апелираат до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите и на јавни површини и ги потсетуваат дека на на располагање им стојат дежурните телефони 075 495 428 и 075 397 944 за пријавување на кабаст и зелен отпад.

воздушна пушка
Авг 17, 2023
СВР Охрид
СВР Охрид дсоопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Свр охрид
Авг 17, 2023
СВР Охрид
Лицето е осомничено за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги” и „несовесно работење во службата”.