Skip to main content
patna infrastruktura
Авг 10, 2023
Патната инфрастуктура до главните  туристички центри во земјава  Охрид и Струга и оваа сезона потполно небезбедна. Возачите, но и бројните туристи се жалат за состојбата на патиштата. Граѓаните  бараат да се забрза изградбата на автопатот Охрид Кичево која трае  цели девет години.

ОСУ Св Кирил и Методиј
Авг 10, 2023
СОСУ „Св Кирил и Методиј“ Охрид
Свеченоста ќе се одржи на летната сцена на Долни сарај со почеток во 19 часот.

Грк Охрид кај Пецаков
Авг 10, 2023
ГРК Охрид
Пецаков на ракометарите им посака успешни подготовки и уште поуспешна сезона во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека градот цврсто стои зад клубот.

ОУ Кочо Рацин
Авг 10, 2023
Совет на Општина Охрид
Со обезбедување на одобрението за реконструкција од страна на Секторот за урбанизам, ќе заврши административниот дел од процедурата за проектирање на новиот објект во поранешната касарна, каде треба да се префрли Основното Училиште „Кочо Рацин“. Проектот за реконструкција ќе чини речиси деведесет милиони денари. Доколку Министерството за образование не помогне финансиски во реализацијата, заложба на Локалната е сама да го реализира овој процес со буџетски средства во период од неколку години.

Сергеј е многу глупав
Авг 10, 2023
Фестивал Охридско лето
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.  Во неа играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Леонида Гулевска.

Полиција мотоциклисти
Авг 10, 2023
СВР Охрид
Во засилените акциски контролина целата територија на СВР Охрид регистрирани 42 прекршоци од страна на мотоциклисти.

Струга Црн Дрим
Авг 10, 2023
Струга и ова лето се соочува со рестрикции во водоснабдувањето. Најкритично е во ек на сезоната, кога потрошувачката и потребите се двојно поголеми. Поплаки има и од граѓаните и од туристите.

Авг 10, 2023
 Без разлика каде ќе ве одведе следниот чекор во вашето патување, верувајте во вашите способности и осмелете се да ги остварите најубавите соништа, им порача во обраќањето, заменик градоначалникот Перчо Божиновски.