Skip to main content
Дек 20, 2021

Петнаесеттина пациенти се преселени на Инфективното одделение по протекување на вода во внатрешноста како резултат на кондензација во објектот. Министерството за здравство е известено и треба да преземе мерки за санирање на проблемот, информира директорот на охридската Општа болница.


Ное 2, 2021

Со овој манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања.


Окт 19, 2021

НАСА ја разгледува можноста за изградба на лунарна Интернет мрежа. Целта е да се одговори на недостатокот на пристап до Интернет во некои делови на САД и да се помогне на идните мисии на Артемида.


Сеп 9, 2021

Владата на денешната итна и вонредна седница прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид-центарот во Тетово, а ја прифати и понудата од сојузничките земји во истрагата за пожарот да се вклучат странски експерти за истраги при експлозии и пожари, соопштија од владината прес-служба.


Сеп 3, 2021

Пристапни рампи за инвалидизираните лица, бараат стружани. Тротоарите во градот се високи, а лицата со телесен инвалидитет не може слободно да се движат по тротоарите, пешачките патеки и немаат пристап до институциите, се жалат граѓаните во рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија.


Јул 3, 2021

Охриѓани се жалат на проблем кај Музичкото училиште. Велат дека веќе втор ден од асфалтот до училиштето тече вода.


Апр 28, 2020

Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денес се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Даљан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани.


Јун 27, 2016

Една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Лионел Меси, објави повлекување


Фев 8, 2022

Со новите снежни врнежи кои го зафатија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен.